Стигнуваат занимливи и воедно оптимистички вести од Гликенхаус, мала работилница сместена во земјата на каубојците. Помеѓу батеријата и горивните ќелии, Гликенхауст го одбра вториот извор на енергија каде главниот збор го има водородот. Намерата на овој производител е да подготви теренско возило за рели натпреварот Баја 1000 Мексико што треба да се одржи во ноември оваа година. Таму Гликенхаус не само што ќе учествува, туку и ќе го стави возилото на ригорозен испит, да измине 1.000 милји во натпреварувачки дух и потоа возилото да се врати во матичната работилница.
Потоа возилото оди на детални проверки по што ќе следи применување на стекнатите искуства при создавање на сериското теренско возило. Колку Џим Гликенхаус, основачот на работилницата Гликенхаус, ќе успее во својата намера, ќе видиме во ноември за кога е закажано релито Баја 1000 Мексико. Тоа рели треба да послужи како отскочна даска за идните планови на компанијата, најнапред успешен настап на релито, а потоа и сериско производство на рели возилото.
Жарко Атанасоски