На 30 септември 2019 година, државниот суд Брауншвајг во Германија го одржа своето прво рочиште на судењето против Фолксваген, во врска со скандалот со емисиите во 2015 година.
Рочиштето се одржа скоро една година откако Федерацијата на германски организации на потрошувачи, во соработка со германискот авто –мото клуб ADAC, го поднесе барањето за „декларативен модел за акција’’. Ова барање е исклучиво за купувачи на автомобили со нелегални уреди за исклучување од брендовите VW, Audi, Seat и Skoda со мотори од типот ЕА189: генерално, станува збор за околу 470.000 сопственици на вакви возила кои се приклучија кон барањето.
Засега, спогодбата за директна компензација на овие сопственици е многу тешка, но сепак можна: во случај на позитивна пресуда, тие би можеле да ги процесираат своите индивидуални барувања од VW групата.
Второто рочиште е предвидено за 18 ноември 2019 година, а случајот се очекува да трае до две до четири години.