GAC ENPULSE-НАСКОРО СУПЕР КУПЕ ОД КИНА

09/07/2022

Колку и да мислиме дека сѐ уште е недорасната да се спротивстави на веќе добро познатите производители на автомобили, сепак оди напред и полека педа по педа го освојува светот со своите чуда на четири тркала. Постојано конструира свои возила од сите класи и наскоро истите ќе ги запоседнат сите поважни пазари на планетава. Погодувате, зборуваме за Кина и кинеската автомобилска индустрија. Најновото што се случува таму е најавата за скорашно претставување на електричен купе двосед со фантастични брзински особини. ГАК или Гвангжу Ауто Корпорејшн наскоро ќе го претстави долго најавуваното купе, продолжение на концептот „енпулс“ претставен во 2020 год.


Засега е познато името на купето, „а с 9“, а ќе се појави под марката Аион. Според конструкторите супер спортскиот автомобил е целосно електричен со речиси налудничаво забрзување од 0 до 100 км/ч за само 1,9 сек. Засега не е позната погонската единица иако во семејството на Аион веќе има три сув возила („аион ипсилон“, „аион л икс плус“, „ и „аион в плус“) и две лимузини  (аион с“ и „аион с плус“). Производителот има мотори на претек, но не се изјаснил кој од нив ќе биде вграден во супер купето „аион  а с 9“.
Велат двоседот ќе се продава по цена од 150.000 долари. За такво молскавично забрзување плус подвижен покрив, човек вреди да се подзамисли, затоа што понудата од конкуренцијата ценовно многу бега. Да се надеваме дека претставувањето на „аион а с 8“ (или „9“) ќе се случи многу брзо и сите детали ќе ни бидат достапни.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ