Франција – Трите долини ве очекуваат

04/02/2019

АКО СТЕ СТРАСТЕН СКИЈАЧ И САКАТЕ ДА СКИЈАТЕ ПО ДОЛГИТЕ, ШИРОКИ И ПРИРОДНИ ПАТЕКИ ЗА СНЕГ, АКО АЛПСКИ ПРОСТРАНСТВА ВИ СЕ ЖЕЛБА И ПОТРЕБА, АКО САКАТЕ МЕСТО КАДЕ ШТО СÈ Е ВО ЗНАКОТ НА СКИЈАЊЕТО, А ПРИТОА ДА ИМАТЕ ДОБРА НОЌНА ЗАБАВА, ТОГАШ ФРАНЦИЈА И ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР.

 

РЕКРЕАТИВЕН И СКИ-ЦЕНТАР ШАМОНИ МОН БЛАН
Градот Шамони се наоѓа во источниот дел на Франција. Шамони е познатски-центар и во 1924 година тука се одржани првите Зимски олимписки игри. Исто така, тоа е една од најзначајните, но и најубавите алпинистички локации во светот бидејќи се наоѓа во подножјето на масивот Мон Блан. Од Скопје е оддалечен околу 1.700 км и до него може да се дојде по автопатот што води преку Белград, Загреб, Риека, Трст, Верона, Милано и регионот Аоста. Шамони и италијанскиот град Курмајор, кој се наоѓа на другата страна на масивот Мон Блан, се поврзани со тунелот Мон Блан (во должина од 11,6 км) што поминува низ самиот масив, како и со системот на гондоли (жичарница) што минува над масивот и достигнува до надморска височина од 3.842 м.

Во својата „понуда“ Шамони има скијачки патеки во должина од 155 километри. Оваа бројка е стратегиски распоредена на пет ски-центрите, со кои е опкружен градот Шамони – Les Planards, Grands Montets, Domaine de Balme, Brévent – Flégère и Les Houches. Познат е по големиот број диви off-писти, а што се однесува до цената на сместувањето и на сè друго, Шамони е прескап за „обичниот“ народ.

Покрај можностите за релаксација со сите можни зимски спортови, градот нуди неверојатен избор на ексклузивни ресторани и продавници. Поради големиот број барови, Шамони е многу популарен меѓу оние што не можат да го замислат својот зимски одмор без добра ноќна забава, малку луксуз и гламур.

СКИ-ОДМОРАЛИШТЕ ТРИ ДОЛИНИ (LES TROIS VALLÉES)
Три долини е најелитното европско и светско скијачко одморалиште. Почувствувајте што значи снежно пространство за скијање распослано на патеки со вкупна должина од 600 километри, огромен број гондоли и ски-лифтови, туристички места што целосно им се подредени на потребите на скијачите.

Најголемиот светски ски-центар е познат како Три долини и се наоѓа во административниот департмент Савој во Источна Франција. Елитен и престижен ски-комплекс за кој сонува секој скијач со желба да помине барем неколку дена во еден од трите ски-центри, од кои се состои комплексот. Може да се купи ски-карта за едно скијачко одморалиште, како и за сите. Цената за скијање за едно лице за шест дена во целиот комплекс е неполни 300 евра.

Ски-центрите се стратегиски лоцирани на надморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Вкупната должина на скијачките патеки изнесува 600 километри. Постојат 37 тешки (црни), 115 средно тешки (црвена), 120 благи (сини) и 56 почетнички (зелени) патеки. Околу 200 ски-лифтови поврзуваат 25 планински врвови. Исто така, постојат
шест гондоли кои возат и на височина над 3.000 метри, а нивниот вкупен капацитет за транспорт е околу 300.000 скијачи за еден час.

ДОЛИНАТА БЕЛВИЛ (BELLEVILLE)
Најголем ски-центар меѓу трите долини е Белвил и тој се состои од туристичките локалитети Saint Martin de Belleville, Les Menuires и Вал Торенс. Низ долината Белвил поминуваат скијачки патеки со вкупна должина од 300 километри.

Ски-патеките секогаш се под снег, благодарејќи на природниот снег, како и на вештачкиот снег што го испуштаат 400 топови. Мениарес (Les Menuires) се наоѓа на 1.800 метри надморска височина и се состои од пет локални места. Покрај големиот број ски-патеки во рамките на ски-центарот на располагање се и олимписката слалом-патека, терените за санкање, затворените и отворените лизгалишта, затворените и отворените базени, снежната градинка за деца и ски-училиштето. Градовите се поврзани со автобуски линии за кои превозот е бесплатен, а жичарниците ги поврзуваат сите центри во системот на Три долини. Св. Мартин де Белевил (Saint Martin de Belleville) е најмирното и најромантичното место каде што може да си дозволите зимување и скијање.

Вал Торенс (Val Thorens) се наоѓа на 2.300 метри надморска височина и тоа е најголем ски- град во Европа. Ски-сезоната трае од октомври до почетокот на јуни. Овде сè му е подредено на скијањето, па користењето автомобил е речиси забрането. Првата најголема гондола во светот што може да собере повеќе од 100 луѓе се наоѓа во центарот Вал Торенс. Градот е познат и по својот богат културен живот, разните фестивали и настани. За посетителите посебно е атрактивен глечерот Пецлет (Péclet) што го осветлиле Французите.

ДОЛИНА МЕРИБЕЛ (MERIBEL)
Долината Мерибел се наоѓа во срцето на Три долини. Четирите градови во долината се стратегиски лоцирани на надморска височина од 1.350 до 1.750 метри. Скијачкиот центар има скијачки патеки во должина од 150 километри (две од нив се олимписки) , располага со 16 гондоли и два сноуборд паркови. Мерибел е позната и по добрата ноќна забава – квалитетни концерти и забави што траат до зори.

ДОЛИНА КУРШЕВИЛ (COURCHEVEL)
Се смета дека ски-центарот Куршевел (Courchevel) е најстар, изграден е во 1946 година. Четирите градови во долината се наоѓаат на надморска височина од 1.300, 1.550, 1.650 и 1.850 метри. На почетниците во скијање им се препорачува градот Морионд, а семејствата и оние што бараат мир може да го посетат градот Ла Танија.

СКИ-КОМПЛЕКС И РЕГИОН СЕР ШЕВАЛИЕР (SERR CHEVALIER)
Скијачкиот центар Сер Шевали се наоѓа на границата со Италија. Тој е дел од департментот Горни Алпи (Hautes Alpes) во Југоисточна Франција. Станува збор за најстарото скијачко одморалиште во Европа. Комплексот располага со голем број патеки чија должина изнесува 250 километри и има 62 ски-лифта. Најголем број од патеките спаѓаат во средно тешка категорија. Во комплексот има голем број места, а најголем е градот Бријансон.

Бријансон (Brijanson) изобилува со комбинација од стара и модерна архитектура. Зградите што датираат од 17 век се под заштита на УНЕСКО. Бријансон е познат како највисок град во Западна Европа. Монтиер (Le Monêtier) е најмал и најмирен град, а најдобро место за скијање е Шантемерл (Chantemerle). Највисок врв е Pic de L’Yret, кој се наоѓа на 2.830 метри надморска височина.Високата цена и квалитетот се карактеристични за комплексот Сер Шевил. Ако повеќе се грижите за луксузот и за гламурот отколку за скијањето, тогаш Ser Sheel не е за вас.

СКИ-ЦЕНТАР ЛЕСПАС КИЛИ (L’ESPACE KILLY)
Комплексот Леспас Кили, исто така, спаѓа во департментот Савој. Именуван е по скијачот Жан-Клод Кили, добитник на три олимписки медали. Вкупната должина на патеката е 300 километри. Комплексот се протега на надморска височина од 1.550 до 3.450 метри. Располага со два скијачки центра – Вал d’Isère и Tignes. Ако сакате да пешачите од едно скијачко одморалиште до друго, треба да го поминете преку замрзнатото езеро.

Тука ски-сезоната трае цела година. Комплексот е составен од 137 патеки, 96 ски-лифтови, два сноуборд парка и 330 топови за вештачки снег. Патеките се долги, така што во просек спуштањето трае еден час. Големиот број off-писти претставуваат вистинско задоволство за професионалните скијачи. За оние што планираат да допатуваат со автомобил важно е да знаат дека паркирањето е многу скапо (околу 70 евра дневно). Ски-пасот за целиот комплекс за шест дена изнесува околу 280 евра.

СКИ-ЦЕНТАР VAL D’ISÉRE
Градот од камен или Вал д’Изере е едно од најпопуларните ски центри меѓу џет сетот. Над скијачката патека на надморска височина од 3.488 метри се наоѓаат глечерите Pissaillas. Градот се одликува со стара камена архитектура, така што сите нови работи мора да бидат направени во тој стил.

Ски-центарот е првенствено наменет за професионалци. Тука се одржува Светското првенство во алпско скијање. Ова е една од причините зошто ова скијачко одморалиште е исклучително скапо и го посетува само елитата. За време на натпреварот скијачкиот центар е преполн со луѓе. Сместувањето е подалеку од скијачките патеки, па потребна е голема трпеливост за да се дојде до топлата соба по цел ден поминат на снег. Вал д’Изере е познат по својот ноќниот живот. Посетете ги ноќните клубови „Club 21“, „Café Face“ и „L’Aventure“ и забавата ви е загарантирана.
Ова се места каде што може да уживате во зимски одмор. Во Франција ќе се уверите дека рајот не мора да значи само песок, сонце и море туку снег, снег и снег

 

Редакција „АМСМ Клуб Мобилити“

ПОВРЗАНИ СТАТИИ