Светот на автомобилската индустрија во моментов има една многу интересна личност, значајна по многу нешта на темата „четири тркала“.
Зборуваме за Хенрик Фискер, мајстор на својот занает и творец на: „бмв з 8“, „астон мартин д б 9“, „астон мартин V8 вантаж“, „фискер карма“, „галпин – фикер мустанг рокет“, „в л ф форс 1 V10“, „в л ф дестино V8“, „фискер е моушн“, „фискер оушн“ и „фискер орбит“. И да не ги заборавиме, јахтата „бенети фискер 50 суперјахт“ и мотоциклот „викинг концепт“. Тој е некогашен сопственик на компаниите „Фискер Коучбилд“ и „Фискер Аутомотив“, а сега ја поседува компанијата „Фискер Инкорпорејтед“.
Кога се појави неговото најново дело наречено „фискер оушн“, сув возило на електричен погон, на остатокот од автомобилскиот свет не му беше сеедно. Неговото возило за забава изминува 550 километри со едно полнење на батериите и има мошне солидни брзински особини – од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, а неговата конкуренција „тесла модел ипсилон“ и „јагуар ај пејс“ ја постигнуваат истата брзина за време од 3,7, односно 4,8 секунди. Сето тоа заедно со неговите 300 КС и покривот со фотоволтаични ќелии, чини 37.000 долари.
Цената и не е којзнае колку висока во однос на електричните градски автомобили кои допрва треба да бидат пуштени во продажба, а производителите најавуваат цена од околу 25.000 евра. И уште нешто, кога Х. Фискер создава возило бидете сигурни дека добивате издржан и темелен дизајн и истиот секогаш е придружуван од луксуз.