Фиат ja обединува својата флота со тесла за да оствари целите на еу за емисија на гасови

14/05/2019

На 7 април 2019 година, „Fiat Chrysler Automobiles NV“ објави дека ќе ја здружи својата флота со Tesla Inc. за да ги испочитува построгите правила на ЕУ за емисиите на CO2. Како дел од овој договор, Фиат на Тесла ќе му исплати повеќе од 500 милиони евра.

Практиката на здружување на производители на автомобили е комерцијално одржлива и законска стратегија за усогласување. Фиат беше соочен со парични казни кои би можеле да достигнат до 2 милијарди евра во 2020 година и дополнителни 2 милијарди во 2021 година за надминување на целите за емисии на CO2 (95 грама на километар во 2021 година). Како резултат на тоа, Фиат ја здружи својата флота со Тесла, која произведува електрични автомобили што не испуштаат емисии на CO2, со цел да се усогласат со регулативата за емисии на ЕУ.

Известувањето за обединување на флотите беше испратено до Комисијата на 25 февруари. Ова известување, исто така, покажа дека вакво обединување на флотите ќе се случи меѓу Мазда и Тојота.

Поради притисокот да се исполнат целите, Фиат исто така се состана со групата ПСА за да се истражи создавањето на заедничка “супер платформа”, каде што производителите на автомобили ќе делат инвестиции за изградба на автомобили во Европа.

 

Благица Блажевски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.