FIAT 500-МНОГУ ШАРМ, ВИСОКА МОДА И СТИЛ

31/03/2020

Модата во светот вели направи електричен автомобил. Меѓу другите кои го почитуваат гласот на модата, несомнено е и ФИАТ со моделот „500“. Електро „петстотката “ се разликува од досегашната генерација, но сè уште нема да ја замени, барем уште две години, а можеби и повеќе.

Третата генерација од популарниот „петстотини“ требаше да биде премиерно претставена на Салонот за автомобили во Женева, но од добро познати причини јубилејната 90. манифестација е откажана и светските премиери сега се одржуваат претежно на домашен терен. Како пример веднаш ќе ја наведеме третата генерација на „фиат 500“ која беше претставена во Милано.

Благо изменетиот дизајн не е единственото приметливо на прв поглед, туку и димензиите. Шест сантиметри во должина и уште шест во ширина. Тоа изразено во бројки е 3,61 м должина и 1,69 м ширина. Има уште два сантиметри во плус сместени меѓу оските (2320 мм). Токму во спомнатиот дел место им нашле на батериите. Како што велат првите информации за автомобилот, со помош на тие батерии може да измине 320 км. Има максимална брзина од 150 км/ч, но таа и не е толку битна бидејќи зборуваме за градски автомобил, а најважно од сè е забрзувањето од 0 до 50 км/ч кое изнесува симпатични 3,1 секунда. Има можност за штедливо возење кое ја ограничува брзината на 80 км/ч, но затоа растојанието кое може да го измине е поголемо за речиси 50 отсто.

Фиатовци не би биле тоа што се, ако „забавата“ не е филувана со некој моден „трик“ потпишани од: Армани, Картел и Булгари. На пример изведбата кабриолет со име „ла прима“, доколку некој сака да ја купи ќе треба да издвои скоро 38.000 евра. „Ла прима“, „картел концепт“ и „маи тропо концерт“, се трите изведби со кои Фиат го претстави доаѓањето на третата генерација од светски популарниот модел „петстотини“. Стандардните, односно обичните изведби, допрва ќе бидат претставувани.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.