„Фиат 500“ е легендарен автомобил, нема кој не го знае и нема некој што не го видел и не посакал да го поседува. За неговата надалеку позната силуета, меѓу другите, најзаслужен е Данте Џјакоза, дизајнерот на спомнатиот автомобил. Да не должиме многу со претставувањето. Производителот реши моделот да го фрли во повторно производство, пред сè да го освежи дизајнерски и да му вгради електромотори намесо тие класичните. Таква е модата и светот знаете каков е, секогаш ја прати. И сега дали чувствувате што следи за тие што ја следат модата. Не? Да ве потсетиме. Тие што ја пратат модата ќе платат најмногу, а цената на електричниот односно „фиат 500 ла прима“ не е иста како претходно, туку 34.900 евра за еден примерок. Тоа е ексклузивноста на првите примероци кои треба дополнително да се плати, но затоа сериската опрема ја има на претек, а заедно со неа и панорамски стаклен покрив и сè што можете да замислите од електронски помагала. Плаќате 34.900 или 37.900 за кабриолет изведбата и запомнете, произведени се само 500 примероци. Тоа значи имате еден од петстотините уникатни примероци.
Платформата на која се прави електричниот „фиат 500“ е сосема нова, значи ова не е обновен, редизајниран автомобил, туку сосема нова генерација која во себе нема мотори со внатрешно соорување. Да потсетиме. Новиов модел ќе се продава паралелно со стариот со тоа што новиов ќе биде нуден само со електричен погон.
„Фиат 500 е“ има поголемо меѓуоскино растојание за 2,0 сантиметри, поголема должина од претходникот за 6,0 см и поголема ширина за, исто така, 6,0 см. И покрај зголемувањата на димензиите, одделот за товар си останал со истата зафатнина, 185 литри.
Неговиот електромотор има 117 КС и со едно полнење на батериите може да измине 320 километри. Во споредба со тие на „мини“ од 150 до 230 км и тие 220 км од „хонда“, „петстотката“ е супериорна.
Има еден занимлив момент, од 0 до 50 км/ч потрбни му се само 3,1 секунди, што за градски услови на возење претставува дури и премногу. Од 0 до 100 км потребни му се 9,0 секунди, а крајната брзина е ограничена на 150 км/ч. Покрај стандардниот, Фиат нуди 85 kW полнач кој за 5 минути полнење имате на располагање да изминете скоро 50 км. Со истиот полнач батеријатa се полни до 80 отсто за 35 минути.
За крај уште една информација. Велат сите примероци се продадени. Секап, ако сте заинтересирани јавете се кај увозникот, таму најдобро знаат дали има некој слободен примерок.