ФИА-Жан Тод: „Милиони животи да се спасат на патиштата“

28/05/2020

Г-дин Жан Тод неодамна ја објави својата книга „Милиони животи да се спасат на патиштата“ со која сака да привлече внимание на милионите луѓе кои ги губат своите животи секоја година во сообраќајни несреќи и да го подигне гласот за револуција во безбедноста на патиштата, онаква што ќе опфаќа пристап до „безбедносен систем“ со амбициозна цел целосно да се елиминираат смртните случаи. Итно ни треба акција од владите ширум светот.

 

Тод повикува на глобален самит за безбедност на патиштата, креиран според самитите за Земјата кои направија толку многу за да ни помогнат да се фокусираме на иднината на планетата. Ние ја знаеме големината на проблемот и што треба да се направи. Време е да исчекориме и да донесеме радикални промени.

„На крајот на секој ден, кога сонцето заоѓа, избришана е иднината на петстотини деца кои утрината го видоа како изгрева. Ова не може да се смета за нешто вообичаено“, рече г-дин Жан Тод, претседателот на FIA и горд член на AutoBest алејата на славните.

Секоја година околу 1,4 милиони луѓе гинат во судири со моторни возила, а многу други се повредени. Сепак, оваа глобална трагедија останува скриена од погледите на јавноста. Настраданите премногу често се прифатени како дел од нормалниот редослед на нештата. Заборавените 1,4 милиони кои секоја година гинат на патиштата заслужуваат наследство во облик на побезбеден свет. Многу од нивните смртни случаи ќе можеа да се спречат: решенијата се во нашите сфаќања.

AutoBest  жирито ги поддржува напорите на г-дин Тод за подобра безбедност во сообраќајот, спроведувајќи проекти за значително намалување на бројот на жртви. Како најголемо во Европа според бројот на застапени земји – вкупно 31 претставувани од независни автомобилски новинари, AutoBest разгледува специфични свои активности за да ги направиме нашите патишта многу побезбедно место за стотиците милиони луѓе кои секој ден се на нив. Дури и ако 25-те илјади смртни случаи годишно на европските патишта би можеле да изгледаат како дел од „нормалниот ред на нештата“, AutoBest смета дека тоа е далеку од нормална бројка за една од најнапредната мрежа патишта во светот и за возен парк кој е еден од технолошки најдобрите.

Земји членки

Австрија Грција Романија Украина
Белгија Холандија Русија Чешка
Бугарија Унгарија Србија Велика Британија
Хрватска Ирска Словачка Португалија
Кипар Италија Словенија Турција
Данска Малта Шпанија Германија
Финска Норвешка Шведска Република С.Македонија
Франција Полска Швајцарија

 

Откако ја започна својата кариера како рели совозач од светска класа и од 1966 до 1981 година освои многу шампионски титули во рели, крос-кантри и трките на издржливост како директор на Peugeot Sport, Жан Тод продолжи со огромниот успех во формула 1 како шеф на тимот на Ferrari кој доминираше во спортот на крајот на милениумот. Тој беше избран за претседател на Меѓународната автомобилска федерацијата во 2009 година, а од 2015-тата е специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за безбедност на патиштата.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.