FIA Euro NCap воведува оценка на асистираното возење

29/10/2020

На 1-ви октомври Euro NCap ја објави втората серија тестови на системите за помош на автопат.

 

Производителите на возила сè повеќе ги користат сензорите, вградени во нивните автомобили, за да обезбедат поширока поддршка за возење, отворајќи го патот кон автономна иднина. Сепак, возачот секогаш треба да биде одговорен и ангажиран зад воланот, а асистираниот систем е тука за да го направи токму тоа – асистенција. Тие не се беспрекорни и не треба да управуваат или да имаат целосна контрола.

За да се осигура безбедно прифаќање на технологиите за асистирано возење од страна на потрошувачите, Euro NCAP разви специјален протокол за тестирање, проценка и систем за оценување. Новите протоколи за проценка на Euro NCAP се фокусираат на две главни области: компетентност за помош – рамнотежа помеѓу техничките компетенции на системот (помош за возила) и степенот до кој системот го држи возачот буден и ангажиран (ангажман на возач) – и позадинска поддршка за безбедност, автомобилска заштитна мрежа во критични ситуации.

Три автомобили во премиум сегментот – Mercedes Benz GLE, BMW 3 серијата и Audi Q8 – се оценети со оцена „Многу добро“, постигнувајќи добра рамнотежа помеѓу двата критериуми за оценка. Продавачите со поголем обем, како Renault Clio и Peugeot 2008 добија само преодна оценка поради недостаток на софистицираност. И покрај пионерската улога на Тесла во технологијата за самостојно возење, на крајот е рангиран со оцена „Умерено“. Од друга страна, Tesla нуди бројни надградби, па може да се очекува брзо да воведе подобрувања во перформансите, како што покажува искуството од последниве години. Volkswagen Passat, Nissan Juke и Volvo V60, исто така, беа оценети со оцена „Умерено“. Конечно, Kuga постигнува „Добра оценка“, демонстрирајќи дека добро балансирани, напредни системи се достапни и на мејнстрим возилата од средната класа.

Благица Станојевиќ Блажевски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.