FERRARI-ДОПОЛНИТЕЛНО ДОРАБОТЕНИОТ „488“

23/12/2020

Кога зборот „модификата“ се употребува за нешто во автомобилската индустрија, тогаш тој добива жаргонска димензија и во превод значи нешто засилено. Така се разбираат насекаде на Апенинскиот Полуостров, а оттаму е и Ферари. Токму затоа добро познатиот модел „488“ ја добил наставката модификата, затоа што е дополнително доработуван и засилен така што е поснажен од сите преходни „488“.

Доработката е всушност комбинација од претходните модели „488 гт 3“ и „488 гте“. Сè што е врвно од тие два модели е пренесено во изведбата „модификата“ и затоа е „најнервозна“ од сите претходни.


Погонската единица е добро позната, најнаградуваната, најдобрата меѓу најдобрите, V8 со работна зафатнина од 3,9 литри со двоен турбо компресор со чија помош автомобилот развива 700 КС (плус модифицирана аеродинамика, модифицирана менувачка кутија плус дополнителен 1.000 кг подпритисок при брзина од 230 км/ч). Ваков автомобил сериски нема да се произведува, туку ќе бидат направени неколку, а колку сè уште не се знае и главно ќе бидат наманети за трки затоа што неговата основа поткнува од тркачки автомобили кои вртеле и на 24 часа Леман и победиле, а да не ги спомнуваме 350 победи и 630 подиуми освоени од страна на „488 гт 3“ во натпреварите од Светскиот шампионат во трките на издржливост.


Лесната шасија и каросеријата се должи на употребата на алуминиум и материјали изработени од карбонски влакна. Колку за информација, спојката е изработена од карбонски влакна. Покрај сите напредни технологии, присутна е и „в бокс“, систем кој го набљудува работењето на моторот, температурата на пневматиците, односно целосното однесување на автомобилот за време на возењето.

Сите тие показатели може да се префрлат на „усб“ и подоцна да се анализираат. Наредната година „ферари 488 гт модификата“ ќе биде присутен на пет трки од „Клуб Компетиционе ГТ“ на патеките: Монца, Сузука, Нирбургринг, Воткинс Глен и Вирџинија Интернејшнл Рејсвеј“ како и на завршната трка. Ферари направил автомобил за клиентелата која има намера и желба да учествува на вистински трки и на вистински тркачки патеки, но не било кои туку тие светските каде се возеле или сеуште се возат трките од формула 1.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.