Еуроимпекс избран за нов генерален увозник на брендот „Opel“ за 5 балкански држави

15/09/2020

Компанијата „Опел“ со цел за подобар развој на својата бизнис стратегија на пазарите во Европа, поточно на дел од Балканскиот полуостров, го објави новиот соработник и увозник за 5 земји од овој регион. Македонската компанија „Еуроимпекс“ која од 1992 година соработува со францускиот Peugeot станува новиот официјален генерален увозник на возилата од брендот Opel за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија која за трите децении на своето постоење остварува сериозно голем развој, каде покрај Peugeot го превзема работењето и на Opel, а со тоа превзема уште еден бренд од групацијата PSA. Инаку, Еуроимпекс веќе 5 години е генерален увозник за возилата на Peugeot за горе наведените балкански држави.

Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

„Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ изјави г-динот Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додаде: „длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

Во 2019 година, на наведените простори Opel пласирал 2.500 возила врз основа на што се предвидува раст на брендот во годините кои следат.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.