EURO NCAP ГИ ОБЈАВИ БЕЗБЕДНОСНИТЕ ОЦЕНКИ ЗА ШЕСТ НОВИ МОДЕЛИ. ЧЕТИРИ ОД ОВИЕ ВОЗИЛА ОСВОИЈА 5 ЅВЕЗДИ: МНОГУ ЗБОРУВАНИОТ TESLA MODEL 3, НОВАТА SKODA SCALA, MERCEDES BENZ B-КЛАСА, И ПОСЛЕДНИОТ GLE. НОВАТА KIA CEED И SUV DS 3 CROSSBACK ОСВОИЈА ЧЕТИРИ ЅВЕЗДИ СО ОПРЕМАТА ПОНУДЕНА КАКО СТАНДАРД, НО И ДВЕТЕ ВОЗИЛА ВЛЕГОА ВО КАТЕГОРИЈАТА НА ПЕТ ЅВЕЗДИ СО ОПЦИЈАЛНИОТ БЕЗБЕДНОСЕН ПАКЕТ.
Tesla Model 3 имаше силно деби со перфектен резултат на фронталниот тест од удари во деформативна ограда, основа во тестовите на Euro NCAP од 1997 година. Со перформансите во тестовите во безбедносна асистенција вистински импресионираше со супериорните системи за задржување правец на движење, асистенција во определување на брзината и автономното запирање. Резултатот од 94 поени е најдобар во досегашната историја на Euro NCAP тестирањата по последните протоколи за безбедносна асистенција.
Уште едно ново возило, Skoda Scala, позиционирано помеѓу фаворитите на потрошувачите Fabia и Octavia, освои неверојатен резулат од 97 поени во сегментот Заштита на возрасни патници. Ова ја поставува Scala во врвот на мали фамилијарни возила тестирани од Euro NCAP во овој дел на тестирањата, заедно со скоро тестираните Mercedes Benz A класа и Mazda 3.
Со B – Класата и GLE, Mercedes ја продолжува својата победничка серија од 11 солидни резултати со 5 ѕвезди од 2014 година, подвлекувајќи дека безбедносната репутација им е врвен приоритет. Потенцијалните купувачи на KIA Ceed и DS 3 Crossback треба да се заинтересираат за понудата на опцијална безбедносна опрема, бидејќи Euro NCAP тестирањата покажаа дека пакетите со „Напредна Возачка асистенција” и „Активно запирање” допринесуваат за подобри безбедносни перформанси во реални ситуации.
Michael van Ratingen (Генералниот Секретар на Euro NCAP) изјави, „Прекрасно е да се види дека возилата напредуваат. Нашите тестови стануваат построги и построги, и возилата продолжуваат да перформираат, што подразбира дека потрошувачите имаат сè побезбеден избор на возила.
Следната година ќе го подигнеме прагот повторно за тестовите во сегментот на Возачка Асистенција, со комплетно нов тест за фронтални удари и со повеќе внимание за заштитата од странични удари. Овие нови тестови треба да ни помогнат да ги направиме патиштата побезбедни за секого“.