ПОНЕКОГАШ ВЕЛАТ „ЗА НЕКОИ РАБОТИ ВРЕДИ ДА СЕ ЖИВЕЕ“. ПЛОВЕЊЕТО – ТОА ЧУВСТВО НА СЛОБОДА ДОДЕКА НИЈАНСИТЕ НА СИНОТО СЕ МЕНУВААТ ПРЕД ВАС, А ВЕТРОТ ВИ ЈА РАЗБРАНУВА КОСАТА НА ПАТОТ КОН ДОСЕГА НЕОТКРИЕНИОТ ЗАЛИВ ДЕФИНИТИВНО МОЖЕ ДА БИДЕ ЕДНО ОД НИВ
Пловењето отсекогаш будело посебно чувство, возбудливо доживување, најчесто поврзано со авантуристичките патувања. Ова чувство е уште поинтензивно ако пловилото, барем малку, наликува на старите, традиционални модели, особено ако е изработено од дрво или ако е едно од оние пловила со наједноставна опрема, како што се кану пловилата некогаш користени од Индијанците. Токму таквите пловила носат специфичен шарм и создаваат впечаток на патување низ времето, обвивајќи го патникот во автентичната магија на минатото.
Во современиот свет, пловилата се повеќе симбол на престиж и социјален статус. Дури и за наједноставните модели потребно е да се издвојат значителни средства, а ако се стремиме кон купување на покриен глисер, цената нагло се зголемува. Меѓутоа, најсилни чувства на авантура и слобода создаваат едрилиците и едрениците, бидејќи нивниот облик е многу поелегантен и пограциозен во споредба со моторните пловила, популарно наречени глисери.
Но, кога ги спомнуваме моторните пловила, не можеме да ги занемариме и нивните негативни влијанија. Покрај загадувањето на воздухот и водата, тие создаваат уште едно важно загадување – она од бучавата предизвикана од нивните погонски единици. Оваа бучава не само што влијае на квалитетот на животната средина, туку и на благосостојбата на луѓето и животните кои се наоѓаат во близина на водените патишта.
Дизајнот на современите пловила има за цел да ги задоволи различните потреби на корисниците, а при тоа да биде практично, функционално и еколошки прифатливо. Со цел да се постигне идеално пловило, кое ќе биде издржливо, лесно за транспорт и складирање, а истовремено ќе понуди простор за повеќе лица, не беше лесно да се најде решение кое ќе ги интегрира сите овие карактеристики. Сепак, пред нешто повеќе од една година, на пазарот се појави иновација која ги задоволува овие критериуми – пловилото „Елкетсплеш“, произведено од компанијата Гоусан. „Елкет Сплеш“ не е само електрично, туку е опремено со фотонапонски ќелии кои ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија, која потоа ја користи за погон на единицата. Оваа иновација не само што го минимизира негативниот еколошки отпечаток, туку и ја елиминира потребата за дополнителен гориво и со тоа ја намалува загаденоста. Покрај тоа, пловилото е дизајнирано така што не бара приколка за транспорт. „Елкетсплеш“ е пневматско пловило, се распостила, се прикачува на пумпа, и откако ќе биде напумпано, слободно можете да им се посветите на авантурите.
Со должина од 4,5 метри, ширина од 2,4 метри и висина од 2 метри, „Елкет Сплеш“ не е само практично, туку и комфорно. Според информациите од компанијата Гоусан, ова пловило е дизајнирано да прими до шест возрасни лица, што го прави идеално за групни авантури. Без разлика на својата пневматска конструкција, пловилото не губи на стабилност и безбедност, што го прави сигурен избор за сите љубители на водените активности.
За оние кои уживаат во кратки прошетки низ мирните езерски води или заливи на морињата, пловилото „Гоусан“ претставува идеален избор. Брзината на пловење на „Елкет сплеш“ зависи од бројот на лицата и оптовареноста на пловилото. Ова електрично пловило може да постигне крајна брзина од 9,7 км/ч, што е доволно за релаксирачки и пријатни авантури. Времетраењето на пловењето зависи од повеќе фактори, но се движи во распон од најмалку 120 минути до максимални осум часа, колку што „држи“ батеријата. Растојанието кое може да го измине пловилото исто такаАмсм123 зависи од повеќе чинители најмалку 35 км, а најмногу 80 км, доволно и за забава и за авантура или за риболов.
Неговата основна продажна цена се движи околу 8.000 долари, но треба да се напомене дека во летните месеци цената е повисока, додека во доцна есен и периодот околу Божиќ, цената е значително пониска. Пловилото е изработено од материјал сличен на „ПВЦ“, што е комбиниран со повеќе пластови, во чија внатрешност има други јаглеродни соединенија, сендвич од „пвц“. Овој материјал е издржлив и отпорен на температурни промени и механички оптоварувања, што гарантира долг животен век и сигурност при употреба. Народски кажано, „гоусан елкет сплеш“ е пловило кое совршено ги комбинира практичноста, ефикасноста и еколошките аспекти, правејќи го вистински избор за љубителите на водени активности.