Дивизијата ДС е дел од корпорацијата ПСА, поточно е луксузна марка на Цитроен. Неговите 680 КС се доволни за забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди, нешто слично како катапулт, а батериите во себе имаат енергија за 650 километри со едно полнење.
Возилото нема монитори осетливи на допир, туку сè се сведува на гестикулација – чекор понапред од останатите.
Таблата со инструментите, покажува секакви параметри, почнувајќи од обичните и сè до тие со сензорите, камерите и ласерите.
Сето тоа е како во некој филм од големиот Стенли Кјубрик. Добро ќе биде еден ден да видиме како некој концепт влегува таков каков што е во сериско производство.