ДЕЛФИНО МОБИЛИТИ ГРУП-ГОРДА ПОТВРДА ЗА УСПЕХ

26/05/2025

Салонот на Geely во Скопје е официјално прогласен за Најдобар Geely Салон во светот за 2024 година, признание што го доделува самиот производител – Geely Auto, еден од водечките и најиновативни автомобилски брендови во светот. Наградата беше врачена на свечена церемонија во Хангџу, Кина, каде што македонскиот увозник „Делфино Мобилити Груп“ со гордост го прими ова значајно признание.

Од компанијата истакнуваат дека оваа награда претставува круна на нивната посветеност, професионалност и тимска работа, како и на напорите постојано да се подига нивото на услуга и репрезентација на брендот Geely на македонскиот пазар.

„Ова признание е резултат на синергијата на целиот тим, од продажба и пост-продажба, преку маркетинг, до администрација и логистика. Секој член на тимот секојдневно придонесува кон заедничката мисија, да го донесеме Geely искуството на највисоко ниво до македонските купувачи,“ велат од Делфино Мобилити Груп.

Компанијата дополнува дека нивната визија отсекогаш била јасна:
„Да изградиме доверба во нов и технолошки напреден бренд каков што е Geely, и да докажеме дека на македонскиот пазар има место за алтернатива која нуди врвен дизајн, иновации и одличен однос меѓу цена и вредност. Наградата за најдобар салон само ја потврдува исправноста на тој пристап.“

Од Geely Auto со оваа награда ја потврдуваат меѓународната релевантност и успехот на македонскиот тим, кој успеа да ја прикаже марката во најдобро светло.

„Делфино Мобилити Груп“ упатува благодарност до Geely Auto за довербата, како и до сите вработени, клиенти и партнери, кои се дел од овој значаен успех.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.