CUPRA URBAN REBEL-КУПРА ДИКТИРА ИСКЛУЧИВО СПОРТСКИ ДИЗАЈН

22/06/2022

И додека кинеските производители се занимаваат претежно со класични лимузински и „сув“ облици, тука на континентов преовладуваат облици со спортски дизајн, а производителот Купра е најдобар доказ за тоа. Концептот „урбан ребел“ според сегашните најави треба да се појави во продажба во 2025. Цели три години, зарем тоа не е предолго!? Возило од категоријата на „сув“ долго четири метри се одсликува со напреден, допадлив и по малку агресивен дизајн, облици кои се привлечни најмногу за младата популација возачи, но и за поклониците на убавите линии.


Една од посебните одлики на овој концепт е тоа што при конструирањето е користена технологијата „3 д“, а сигурно истата ќе биде користена и при сериското производство. Електричниот сув со изразена спортска нота поседува 226 КС способни да го понесат возилото до 100 км/ч за 6,9 сек. Батеријата „држи“ до изминати 440 км, а потоа повторно на полнење.


Развојот на „купра урбан ребел концепт“ се одвивал во развојно дизајнерскиот центар во Барселона. Возилото ја користи малата платформа за електрични возила наречена „меб“ инаку во сопственост на Фолксваген. Сите возила направени на оваа основа имаат погон на предната оска. Производството е планирано за 2025 година и ќе се одвива во фабриката во Марторел.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ