CUPRA BORN-ПРВИОТ ЕЛЕКТРОМОБИЛ ОД КУПРА

09/06/2021

Најнапред се појави како најбрзата изведба од моделите, нешто како „гти“ кај другите поизводители, само што кај Сеат најбрзиот примерок беше наречен „купра“. Подоцна одговорните одлучија „купра“ да биде посебна марка во состав на Сеат, поточно да биде негова луксузна дивизија. Сега Купра е засебна марка и се шират гласини дека Сеат како марка ќе биде згасната, а Купра ќе продолжи да постои, но за овие размислувања ќе говориме во некоја друга прилика.

Во моментов е важно тоа што Купра го претстави првиот целосно електрифициран модел (сув) именуван како „борн“. Групацијата Фолксваген под чија капа се наоѓа Купра, за овој тип возила ја користи новосоздадената платформа „меб“ и тоа во два модели, „ид. 3“, „ид. 4“ (Фолксваген) и „ку 4 е трон“ (Ауди). Бидејќи марката Купра е карактеристична по својата спортска линија и нота, но и зачинета со луксуз, моделот „борн“ е така малку понакитен за разлика од  фолксвагеновите модели и поседува поинтересен дизајн. Тука разликите не завршуваат туку одат дотаму што „купра борн“ има повеќе силина од „ид. 3“ и „ид. 4“. Основната изведба со 45 kWh батерија поседува 148 КС со забрзување од 0 до 100 км/ч за 8,9 секунди и автономија од 340 километри со едно полнење. Следна е изведбата со 201 КС  која може да измине 418 км додека забрзувањето е солидно со 7,3 секунди. Третата изведба поседува 228 КС и електромотор со нешто како турбо во ото и дизел моторите, односно е нарчен „и буст“. Со притискање на копче кое се наоѓа на упраувачот возилото добива дополнителна силина. Затоа забрзувањето кај оваа изведба е најубедливо, 6,6 секунди и електрична енергија доволна за 418 км. Ако бројката со изминати километри ви е мала, тогаш за вас е 77 kWh батерија со која ќе изминете дури 547 км. Сепак поголемата батерија е потешка и тоа влијае на брзинските одлики на „купра борн“ и наместо забрзувањето да биде 6,6 сек. вратено е на 7,0 секунди.

И внатрешноста е поразлична благодарение на мноштвото детали кои доловуваат чувство на посебност. Тоа всушност ги кажува колку многу внимание и посветуваат одговорните на оваа марка со намера да ја втурнат во премиум класата. Цената сè уште не е објавена, а кога ќе ја објават засега нема никакви најави.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.