Citroen-„Кактусот“ го снема, исчезна

21/06/2020

Кога се појави предизвика реакции и полемики, повеќето позитивни. Потоа кога стаса за рестилизирање му беа додадени класични облици и по скоро две години продажба главните од Цитроен најавија згаснување на производството.

Кога во светов царуваат некакви си класично безлични облици, Цитроен внесе свежина со моделот „ц 4 кактус“ со доттогаш невиден облик. Светот беше пријатно изненаден, но имаше и такви кои велеа, „тоа е возило со чуден облик“. Човекот отсекогаш бил со затворен ум, затоа поинаквите нешта од досадната едноличност ги нарекува чудни. Владее умствената ограниченост. Генерално човекот не сака многу измени и разновидност, затоа нештата кои се поинакви од останатиот свет не му се блиски.

Годините минуваа и моделот „ц 4 кактус“ стаса за обновување. Измените не беа вo духот на Цитроен, туку во некаква си класичност. Сепак првичните контури останаа и се надѕираше големата сличност со првиот „кактус“. Откако изминаа околу две години, одговорните во фабриката објавија згаснување на моделот. Возило со посебен дизајн и со карактер, возило кое не личеше на ниту едно друго во светот доби црвен картон и беше исфрлено од теренот.

Сега следи прашањето што сака светов? Според сегашнава состојба светот сака автомобили кои ќе личат како јајце на јајце. Како доказ на ова ќе искоментираме потези на една светски позната компанија која на вработените во одделот за дизајн ги советува да создаваат веќе видени облици, класични.

И сега како наjнова вест со индустријата на четири тркала доаѓа вест, нов „цитрон ц4“, а подимето „кактус“ го нема. На новото возило „цитроен ц 4“ има само траги од линија што ја имаше „ц 4 кактус“. Сега е возило за забава (сув) во купе издание. Облик речиси веќе виден, односно Цитроен со овој потег ја губи својата посебност, својата препознатливост, својот стил.

Должината на новиот „цитрон ц 4“ е некаде околу 4,3 и 4,4 метри за разлика од кактусовите 4,16 м. Се очекува да биде задвижувано од бензински дизел и електрични мотори, а први примероци треба да стасаат во продажба следната година на пролет. Како што се шпекулира со димензиите, така се шпекулира и со цената за која велат ќе биде слична на конкуренцијата.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.