Предводникот во гамата на Citroën се одликува со уникатен карактер, динамичен дизајн, практичност и функционалност, карактеристики својствени на француската марка. Со претставувањето на C5 X, марката Citroën вдахнува нов живот во сегментот на големи автомобили со оригинален дизајн кој комбинира седан со караван (1.1865 mm должина, 1.485 mm висина и 2.785 mm меѓуоскино растојание). Toa е иновативен предлог во најчистата традиција на големите автомобили на Citroën.
Издигнатиот став, пак, благодарение на зголеменото растојание од подлогата, во споредба со традиционален седан и тркалата со голем дијаметар, овозможува повисока позиција при возење, за поголема безбедност и видливост, што многу се цени од љубителите на SUV. Овој нов модел, достапен во бензинска и plug-in hybrid изведба, ја изразува модерноста, статусот и иновацијата, а сето тоа како одговор на високите очекувања на клиентите од сегментите SUV и големи автомобили. Моделот C5 X пробива нов терен со претставувањето на активното потпирање Citroën Advanced Comfort на ниво на светска премиера, кое дополнително го нагласува врвниот комфор при возењето, чувство тесно поврзано со историјата на Citroën.
Со внатрешност налик на дневна соба, нудејќи го препознатливиот комфор на седиштата Advanced Comfort и неспоредливата просторност, особено во вториот ред. Багажникот, со капацитет од 545 литри и до 1.640 литри кога задните седишта се преклопени, како и прецизна изработка, идеално одговара на потребите на љубителите на караванските возила. Чувството на благосостојба во патничката кабина, исто така, е зголемено преку напредните технологии што ја поедноставуваат употребата на автомобилот. На пример, проширениот Head Up екран, како и цела низа функции за помош во возењето што го намалуваат менталното оптоварување на возачот, како Highway Driver Assist, или новиот интерфејс за информации и забава со централен 12-инчен HD екран на допир, гласовно препознавање и приспособлив дисплеј со додатоци, исто како кај таблет.
Plug-in хибридната верзија нуди електричен режим на дневно ниво, а притоа го нагласува чувството на спокој во патничката кабина. Испорачувајќи 225 КС, хибридната верзија нуди задоволство со тивко стартување и работа со нула емисии на CO2, повеќе од 50 km во електричен режим, автономија соодветна на повеќето патувања на дневна основа, со брзина и до 135 km/h. Од друга страна, пак, класичните турбо бензински изведби доаѓаат во две нивоа на моќност од 130 и 180 КС. Почетната цена на нашиот пазар стартува од 34.490 евра за бензинските верзии, односно 49.490 евра за верзијата со plug-in хибриден погон.