CITROEN C5 AIRCROSS-„Ц 5 ЕРКРОС“ ВТОР ДЕЛ

09/05/2025

Пред нас е новата генерација од моделот „ц 5 еркрос“, поточно втората, направена на платформата „стла медиум“ во сопственост на Стелантис. Тоа значи дека сите возила во групацијата со средна големина веќе се направени или допрва ќе бидат правени на таа платформа. Така е тоа во светот на групациите и во светот на профитот. Конструкторите велат дека новиот „цитроен ц 5 еркрос“ нуди врвна удобност и безбедност при патувањата. Удобноста сигурно е подобра затоа што растојанието меѓу оските е зголемено за цели 60 мм, а сигурно и изолацијата е подобрена, така што туристите нема да го почувствуваат заморот при патувањето до саканото одредиште.

Новото сув возило е оддалечено од подлогата со убедливи 200 мм, а неговите димензии се следниве: 4.652 х 1.902 х 1.660 мм со товарен простор од 651 л. Основната погонска единица ја сочинуваат 1,2 л турбо мотор и 48 волтна умерена хибридна технологија со вкупна силина од 145 коњи. Потоа следи уште еден хибриден погон со 1,6 литарска со приклучок за полнење на батеријата со вкупно 195 КС. Со 21 кВч батерија „цитроен ц 5 еркрос“ изминува солидни 100 км електрични.

И третата погонска единица е чисто електрична, една со 210 КС, а другата со 230 КС. Првата изведба со едно полнење на батеријата изминува 520 км, додека втората, поснажна, изминува 680 км. Во првата изведба е вградена 75 кВч батерија, а во втората 97 кВч. Текстов го почнавме со удобноста и безбедноста на патниците и ред е да ја запознаеме.

„Цитроеновата напредна удобност“, тоа е името на седиштата за кои производителот вели дека нудат врвен комодитет и плус потпирачи на задните седишта можат да се подесуваат во аголен распон од најмалку 21 до најмногу 33 степени. Тука е и неизбежната дигитална табла со инструменти и таа средишната, најголема во автомобилската индустрија со 13 инчи дијагонала и истиот можете да го склопите, ако не ви е потребен. Добра финта за да не се гребе екранот. Три погонски состави, а никаде не е спомнат дизел моторот. Дали тоа значи дека Цитроен, односно Стелантис ги отфрла дизелите или сепак за некои пазари ќе вгради.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.