Една од најголемите американски легенди во автомобилската индустрија е марката Шевролет, посебно со моделот „корвета“. Закоравена класика од купе умее да држи чекор со останатите од класата. Голем дел од нив „избегаа“ со силината од над 1.000 КС, а еве ја и „корветата“ со сличен мотор. Производителот на почетокот од годинава најави доаѓање на супер брза корвета со централно сместен мотор и многу силина. И еве ја таа корвета, „зр 1“. Мотор 5,5 литри со осум цилиндри поставени во V со двоен турбо полнач и сето тоа сместено веднаш зад двете седишта. Од тој мотор со помош на турбото извлечени се над 1.000 КС, односно точно 1.079 при 7.000 врт/мин, додека максималниот вртежен момент е еднаков на 1.121 Нм.
Таа силина се пренесува до задната оска преку автоматски менувач со осум преноси и двојна спојка. Сето ова придонесува „ц8 корветата зр 1“ да постигне крајна брзина од безмалку 350 км/ч. На помош доаѓаат и новите предни отвори (всисници за воздух), новите спојлери напред, страничните (сместени кај праговите) и задното крило кое сега е поголемо. Затоа оваа „корвета“ е најбрзата од која било друга. За постигнување на супер брзините, производителот ги одбрал пневматиците мишелин „пилот спорт 4 с зп“ и „пилот спорт куп 2 р зп“.
„Шеролет ц 8 корвета зр 1“ ги има следниве димензии: должина 4.722 мм, ширина 2.025 и висина 1.234 мм и 2.723 мм растојание меѓу оските. На располагање на купувачите, производителот направил две каросерии, едната купе во тарга изведба, а другата е кабриолет. Првата е тешка 1.665 кг, а втората, отворената изведба, 1.705 кг.
Разликата во тежината мора да биде присутна затоа што кабриолетите дополнително се зацврстуваат бидејќи немаат класичен покрив. И сега кому како му чини нека си одбере, а тоа одбирање ќе чини најверојатно над 200.000(!?) долари. За толку многу коњски сили и доправки, тоа се малку пари. Да почекаме и да видиме по која цена ќе се продава најбрзата „корвета“, односно „шеролет ц 8 корвета зр 1“.