CHEVROLET CORVETTE-ТРИТЕ КОНЦЕПТИ НА „КОРВЕТА“

06/05/2025

Најзанимливо е тоа што скоро сите производители имаат свој приод кон изгледот на своите автомобили, но не им чини тоа што неретко имаат многу сличности токму во облиците. Тоа со разновидноста на дизајнот (облиците) е за поздравување, но кога ќе тргнат сите со некој „современ“ детаљ да го користат, на крај добиваме едно те исто само во поинаква опаковка. Имаат обичај еден од друг да си позајмат по некоја линија, што е крајно неетички.

Има и такви во автомобилската индустрија кои имаат посебен приод кон дизајнот. Најпосебниот приод го има Генерал Моторс. Овој производител годинава ќе прикаже три концепти од најлегендарниот „шевролет корвета“. Да нема забуни, Шевролет е марка на ГМ. Сега запомнете ја оваа реткост – ГМ има дури шест дизајнерски студија раштркани по светот. Едното е дома во Детроит, другото во соседството во Лос Анџелес, а третото во Лемингтон Спа во В. Британија, четвртото е во Шангај, Кина, петтото од спротива во Сеул, Ј. Кореја и шестото во земјата на: џунглите, фудбалот, карневалот и убавите плажи, Бразил, односно во Сао Паоло. Во овие студија, како што вели производителот, студија за напреден дизајн се подготвуваат концептите кои, пак, подоцна служат како база за развој на идните сериски автомобили.

Првиот концепт го подготви британското студио. Концептот „корвета хиперкар ц 9“ располага со должина од 4,67 м, ширина 2,18 м и висина 1,03 м. Можно е светска премиера да има сега на крајот од месецов во Шангај. За вториот концепт одговорно е студиото во Лос Ангелес, а студиото во Детроит ќе направи концепт кој како основа за развој ќе ги користи претходните два концепти.

ГМ сака да го „намириса“ интересот и посебностите на секој од големите пазари во светот, да извлече поука кој пазар што сака и сето тоа да го вгради во своите автомобили. Тоа се нарекува проучување и доближување до потенцијалните купувачи и нивните секојдневни навики.

Електрификацијата чука и на вратата од моделот „корвета“, но засега конструкторите ќе ја понудат само како хибрид и тоа со умерена технологија заедно со класиката V8.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.