Ретки се приликите кога некој производител на автомобили го дава своето чедо на доработка. Но, постојат и работилници кои вршат доработка на веќе познати марки автомобили и на местото на заштитниот знак од претходниот производител тие го ставаат своето. Каросерија Туринг Суперлеџера е една од тие работилници, а нејзина најнова творба е „туринг суперлеџера аресе рх 59“. На прв поглед возилото е егзотика, врв од спортско купе, но ретко кој ќе примети дека зад името и зад измените во каросеријата се „крие“ автомобил со потекло од Маранело, односно „ферари ф 8 трибуто“. Ако некој посакува таков автомобил од Каросерија Туринг Суперлеџера, но се пожали дека не може да набави „ферари ф 8 трибуто“, може да биде спокоен, затоа што одговорните од работилницата која прави доработки ќе го набави ферарито без никаков проблем.
Претходно именуваната работилница нагласува дека ќе бидат произведени само 18 примероци, најверојатно да се зачува ексклузивноста. Во тој пакет од преработување и доработување има: V8 мотор со зафатнина од 3,9 литри со алуминиумски блок и глава. Со помош на двоен турбо компресор, агрегатот постигнува солидни 710 КС кои се пренесуваат на задната оска преку седумстепен менувач со двојна спојка. Од 0 до 100 к/ч забрзува за 3,1 секунда и постигнува крајна брзина од 340 км/ч. Каросериските измени се најголеми и најприметливи, возилото ќе го добијат во втората половина од наредната година. БМВ покрај 14.000 пробни километри, до крајот на годината ќе направи и дополнителни 20.000, за возилото да биде што подобро подготвено за следната сезона во која има намера да учествува на сите трки. За горенаведената сума пари, купувачот добива расен тркачки автомобил со затоа на почетокот спомнавме дека ретко кој ќе примети дека „туринг суперлеџера аресе рх 95“ е всушност „ферари ф 8 трибуто“, а најголемата разлика се вратите кои во преработката се отвораат како гулабови крила.
Времетраењето на доработката е изразено во месеци со точна бројка од шест, што значи дека кога е во прашање егзотиката и истоимените материјали, тогаш работата оди споро, но сепак сигурно. На крајот од работата следат строги проверки за квалитетот, возните својства и брзинските способности на автомобилот, а дури потоа следи продажбата, односно плаќањето. мотор од 3,0 литри зафатнина распоредена во шест цилиндри поставени во линија. Со двоен турбо компресор моторот постигнува 590 КС кои се пренесуваат на задната оска преку шестстепен секвенцијален менувач на задната оска. Тие што имаат намера да „требуваат“ примерок од новото чедо на БМВ да се обратат директно во одделот Моторспорт. Цена? Ако „ферари ф 8 трибуто“ го купуваат за 230.000 евра, „туринг суперлеџера аресе рх 95“ чини (околу) двојно повеќе. И работилниците Мансори и Новотек правеа свои изведби на тема „ферари ф 8 трибуто“, но ниту една од нив не прават свои каросерии, туку мало шминкање на аеродинамиката, малку околу моторот и толку. Така стојат работите кога некој прави рачни преправки во ограничен број за да биде зачувана реткоста на моделот. Сето тоа покажува колку е почитувана рачната изработка која е изразена преку цената.