CARROZZERIA TOURING SUPERLEGGERA-НОВИОТ МОДЕЛ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ЈУБИЛЕЈОТ

02/06/2021

Многумина не им претскажуваа долг работен век на каросериските работилници и кога сите гледаа пропаст во таквиот начин на работење, некој беше одважен и се дрзна да продолжи со работата и да опстане до денешен ден. Тоа е работилницата Carrozzeria Touring Superleggera.

По повод 95 години од своето постоење, компанијата најави претставување на модел со кој ќе го одбележи својот јубилеј. Наведената фирма ништо друго не спомна, а уште помалку најави, но едно нешто  е сигурно, а тоа е средишно сместениот мотор во јубилејното возило. Штом моторот е централно сместен тоа значи автомобилот е купе, не со 2+2, туку само со две седишта. Можно е да биде и со 2+2 седишта како во „порше 911“, „нисан з икс 300“, „митсубиши еклипс“ и сличните на нив. И уште нешто друго е познато, а тоа е името „аресе рх 95“. Име како и секое друго, но тоа „аресе“ всушност е име на место во непосредна близина на Милано, каде Алфа Ромео ја имаше изградено својата најголема фабрика во 1965 година. Таа фабрика сега е затворена, но историскиот музеј на познатата марка сè уште е таму. Дали името има некаква врска со јубилејниот модел на Каросерија Туринг Суперлеџера?

Пред неколку денови Абарт приреди препородување на легендарниот модел „1000“. Возилото е направено во еден примерок и користи основа од алфиниот модел „4 ц“. Можно е такво нешто да подготвува и работилницата Суперлеџера, а како доказ се наведуваат веќе познатите нешта, централно сместен мотор и името „аресе рх 95“. Со поврзување на овие два чинители кои ни служат како траги, нè носат до Алфа Ромео. Сепак да се воздржиме од шпекулации и да видиме што ќе се случи во јуни за кога е закажано првичното претставување пред светската јавност. Јубилејниот автомобил ќе биде направен само во еден примерок, а ќе биде изложуван на манифестации од типот Салон Прајв, Конкурс на елеганција и останатите приредби од таков вид. Досега работилницата Каросерија Туринг Суперлеџера нема произведено (доработено) автомобил со централно сместен мотор, овој што го најавува ќе биде првиот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.