БРЕИТЛИНГ И БЕНТЛИ СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ

31/03/2020

17. годишната соработка помеѓу Бентли и Бреитлинг, овој месец е крунисана со претставување на посебен рачен часовник.

Историјата на автомобилите не памети подолга соработка од оваа, на компанија производител на часовници од една страна и производител на автомобили од друга страна. Куќиштето од часовникот изработено од високолегиран челик и неговиот дијаметар изнесува 42, а висината 13,65 мм. Вообичаено, внатре во часовникот го пишува името на производителот, а името на автомобилите Бентли е испишано странично, спротивно од положбата на круната. Ремчето изработено од алигаторска кожа е обоено во сино. Одзади куќиштето е прозирно (сафир стакло) и на него во круг е испишано „мулинер издание – бреитлинг – еден од 1000“. Часовникот именуван како „бреитлинг премиер бентли мулинер лимитед едишн“ ќе биде изработен во серија од 1.000 примероци и воедно е заведен како хронометар со сертификат од „ЦОСЦ“.

Некои на планетава ја негуваат историјата и традицијата иако периодот е само 17 години, но сепак тие имаат голема почит кон претходно спомнатите поими, историјата и традицијата.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.