Брајан Трејси – ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА ПРОДАЖБАТА, ПОБРЗО И ПОЛЕСНО

12/09/2019

БРАЈАН ТРЕЈСИ Е УСПЕШЕН БИЗНИСМЕН И ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ГОВОРНИЦИ ВО СВЕТОТ. ТОЈ ЗАПОЧНА, ИЗГРАДИ, МЕНАЏИРАШЕ ИЛИ УСПЕШНО ВОДЕШЕ 22 РАЗЛИЧНИ БИЗНИСИ. СЕКОЈА ГОДИНА ИМ СЕ ОБРАЌА НА ПОВЕЌЕ ОД 250.000 ЛУЃЕ НАСЕКАДЕ ВО САД, КАНАДА, ЕВРОПА, АВСТРАЛИЈА И ВО АЗИЈА. НЕГОВИТЕ ГОВОРИ СЕ ОПИШАНИ КАКО „ИНСПИРАТИВНИ, ЗАБАВНИ, ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВИРАЧКИ“.

 

Целта на книгата е да ви даде серија на идеи, стратегии и техники што може веднаш да ги користите, за да остварите поголема продажба, побрзо и полесно одошто кога било досега. Ќе научите како да извлечете повеќе од себе и од вашата продажна кариера одошто досега сте мислеле дека е можно, ќе научите како да ги зголемите својата продажба и својот приход за двапати, трипати, дури и за четирипати за неколку месеци, па и за неколку недели. Книгата е пишана верзија на неговата меѓународно успешна, аудиопродажна настава – „Психологија на продажбата“. Преведена е на 16 јазици и користена е во 24 земји. Според тековното истражување врз дипломците на аудионаставата, повеќе продавачи станале милионери со слушање и со усвојување на идеите во книгата, отколку со кој било друг процес за обука во продажбата кога било развиен. Користејќи го материјалот во книгата, тој лично обучил повеќе од петстотини илјади продавачи низ светот, од илјадници компании и од речиси секоја индустрија. Таа навистина функционира!

Брајан Трејси не завршил средно училиште. Наместо тоа, како млад човек, заминал да го види светот. Неколку години работел физичка работа, додека не заработил доволно пари за да почне да патува. Кога повеќе не можел да пронајде физичка работа, во очај, влегол во продажбата. Бил ангажиран во непосредно извршување и добил програма за обука во продажбата во три дела: „Еве ги твоите картички, еве ги твоите брошури, таму е вратата!“. Така ја започнал својата продавачка кариера без најава кај муштериите, тропајќи на канцелариските врати во текот на денот и на вратите на домовите навечер. Личноста што го ангажирала му кажала дека продажбата е „игра на броеви“, дека сè што треба да стори е да им зборува на доволно луѓе, така што на крајот би нашол некој што би купил. Овој метод на продажба го нарекувале „нафрлена кал на ѕидот“. (Ако нафрлите доволно кал на ѕидот, некаде, некако, еден дел од калта ќе се залепи.) Тогаш некој му кажал дека продажбата е, попрво, „игра на одбивање“. По шест месеци борба, остварувајќи продажба доволно за да ја плати неговата соба во малата гостилница, конечно направил нешто што му го променил животот – пошол кај најуспешниот човек во нивната компанија и го прашал што е тоа што тој го прави поинаку од него. Излегло дека тој, кога бил помлад, работел за компанија на листата „Форчи 500“. Таа компанија 16 месеци интензивно го обучувала за професионална продажба. Со тие вештини тој можел да работи за која било компанија или индустрија и да продава каков било производ или каква било услуга на речиси секој пазар. Наместо користење „говор“ или итри реплики за привлекување на вниманието или за совладување на отпорот, тој поставувал серија логички прашања, од општи до конкретни, што идеално одговарале за вистинскиот потенцијален клиент. На крајот од оваа серија прашања, нему му станувало совршено јасно дека може да има корист од нивниот производ. Последното прашање едноставно било комплетирањето на продажбата. Сето тоа го запишал. „Опремен“ со овој нов пристап за продажба, пошол надвор и уште еднаш започнал да им се обраќа на потенцијалите клиенти. Но, овој пат наместо да зборува, поставувал прашања. Со овој нов метод, неговата продажба се зголемила. Потоа дознал за книгите чија тема била продажбата. Почнал да чита сè што можел да пронајде за продажбата, посветувајќи ги првите два часа од секој ден на проучување и земање белешки. Потоа дознал за аудионаставата. Тоа му го променило животот. Ги слушал навечер. Ги повторувал и ги вежбал најдобрите реченици и фрази од најуспешните продавачи сè додека можел да ги рецитира наизуст. А неговата продажба сè повеќе се зголемувала. Потоа дознал за семинарите за продажба. Започнал да го посетува секој семинар и курс за кој дознавал и кој можел да си го дозволи. Продажбата продолжувала да се зголемува. Неговиот успех во продажбата била толку голема што луѓето од компанијата го унапредиле во менаџер за продажба. Почнал да регрутира продавачи, од улица и СТИЛ преку новински огласи. Им ја покажувал неговата методологија и процесот на продавање. Тие излегувале од вратата и веднаш остварувале продажба. Денес многумина од нив се милионери и мултимилионери.

Едноставна идеја што му го изменила животот била откритието на „законот за причина и последица“. Овој закон вели дека за секоја последица постои причина, дека сè се случува со повод. Успехот не е случајност. Неуспехот, исто така, не е случајност. Всушност, успехот е предвидлив. Тој остава траги. Еве едно извонредно правило: ако го правите тоа што го прават другите успешни луѓе, повторно и повторно, ништо на светот не може да ве спречи на крај да ги остварите истите резултати како и тие. А ако не правите така, ништо не може да ви помогне. Запомнете: секој во врвните 10 проценти во продажбата започнал во долните 10 проценти. Сите што сега работат добро некогаш работеле слабо. Секој од успешната страна на линијата на животот започнал зад линијата. И во секој од тие случаи, овие врвни луѓе учеле од експертите. Тие откриле што прават другите врвни луѓе за да бидат успешни, па така и самите ги правеле истите нешта, повторно и повторно, сè додека не ги добиле истите резултати. А тоа го можете и вие. •

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.