BMW VISION NEUE KLASS-УБАВИНАТА НА ДИЗАЈНОТ ОД „ВИЖН НОЕ КЛАСЕ“

09/05/2025

Кога зборуваме за автомобилската индустрија, таа денес се наоѓа на крстопат со намера да продолжи во насока на целосно електрифицирање. Попатно се јавуваат некои пречки од најразлична природа, но насоката е веќе одбрана и како што велат тие нема враќање назад, односно сакаат целосно да ги истиснат моторите со внатрешно согорување. На ИАА мобилити шоу одржан во Минхен есента во 2023 год. БМВ го претстави концептот „вижн ное класе“, електрифицирана компактна лимузина за новото време кое доаѓа. Намерата на БМВ е да го продолжи делото на легендарниот модел „3“, поточно да го внесе во новото време.

Дизајнот на концептот открива дека производителот полага големо внимание на „тројката“, всушност тој концепт е продолжение, предвесник на новата „тројка“. Ваков сличен потег светот виде во минатиот век кога БМВ за првпат во 1961 година ја претстави филозофијата наречена „нова класа“ (ное класе), а денес повторно се враќа на неа, но во поинакво издание, електрично. Дел од финансиската цврстина на производителот најмногу потекнува од лимузината „бмв 3“. Големи 30 отсто од продажбата ги остварува спомнатиот модел, затоа одговорните толку многу внимаваат на него.

Неговата висост „бмв 3“ беше прикажан минатиот месец во Шангај, но во новото издание „вижн ное класе“. Тоа ново издание, електрично, од моделот „3“, беше изложено и во Шангај, главниот на БМВ, Оливер Ципше, лично го опиша концептот „вижн ное класе“ како модел кој треба да внесе друга димензија и прогресија во секој поглед, почнувајќи од дизајнот и сѐ до удобноста, до управливоста која сега мора да биде уште подинамична и попрецизна. Штом БМВ толку многу го промовира концептот „вижн ное класе“, тоа значи дека производителот е подготвен да го внесе во сериско производство. Ќе биде многу занимливо да се следи тој пат и да видиме што точно БМВ подготвува – дали дизајнот ќе биде тој од концептот или повторно по којзнае кој пат ќе отстапува („шема“ која за жал ја употребуваат сите производители). Ако отстапува ќе изгуби од привлечноста и посебноста. Сепак да почекаме, а потоа ќе го коментираме најновото издание од најпопуларниот модел на сите времиња во семејството БМВ.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.