BMW M2 CS-ОД БРЗ ИМАЛО И ПОБРЗ

13/11/2019

Тоа „цс“ во името на „м двојката“ потекнува од „клуб спорт“. Не е обичен спорт, туку клуб спорт. Кога нешто е клупско, тогаш тие нешта се поинакви од останатите или во превод сè е наменето исклучиво за членовите на клубот. Затоа изведбата „м2 цс“ е најбрза од сите досегашни и е наменета само за определен број купувачи. „М2 компетишн“ беше најсуровиот тркач, а сега е заменет од уште полута изведба. До каде се подготвени конструкторите да одат со шемата „од брзо, побрзо“? Иако велат дека возилото е наменето за друмски сообраќај, сепак неговото пребивалиште е тркачката патека.

Школката доби делови изработени од посебна пластика зајакната со кабронски влакна, покривот е целосно изработен од карбон, а истата судбина ги снајде „предниот“ и задниот спојлер заедно со задните дифузори за воздух. Под таа карбонска хауба се наоѓа доработена изведба од моторот со ознака „с 55“ или 3,0 литри со шест цилиндри и двоен турбо компресор. Силината од моторот се пренесува на задната оска преку шестстепен обичен или секвенцијален „дтц“ менувач со седум степени. И сега забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 4,0 секунди или 4,2 со обичниот менувач. Лесно му е кога располага со 450 КС. Со нив стигнува до крајни 300 км/ч, но брзината фабрички е ограничена не на 250, туку на 280 км/ч.

Ексклузивното возило има и ексклузивност во производството. Најбрзиот ќе биде изработен во 2200 примероци по цена од скоро 100.000 евра. Ако на оваа стандардна изведба додавате опрема цената ќе биде повисока. Покрај друмската изведба, во спортскиот оддел подготвуваат и тркачка „м 2 цс рејсинг“.

 

Жарко Атанасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.