BMW I5-ОСМАТА ГЕНЕРАЦИЈА ОД МОДЕЛОТ „5“

17/04/2023

Еве го најголемиот конкурент на Ауди, Мерцедес и Лексус, поинаков од сите останати во премуим класата. БМВ подготвува обновување на неговата класика, моделот „серија 5“, но не само колку да се каже дека е обновена, туку дизајнерите подготвуваат многу повеќе и нешто многу подопадливо за очи во облик на лимузина.

Популарната „петка“ за првпат ќе биде прикажана пред светската јавност на почетокот од есента, односно во октомври и тоа во сите можни изведби, се мисли на погонските агрегати. Ќе бидат застапени и ото и дизел моторите и хибридните погони, а ќе бидe претставена и целосно електрифициранaта „и петка“ која треба да влeзе во продажба наредната година, напролет. Можеби се чудите зошто БМВ сѐ уште има во план да произведува модели со мотори што чадат. Откако во унијата најавија целосно исклучување на моторите со внатрешно согорување, германските производители на автомобили заедно со владата се против оваа одлука и бараат нејзино отстранување. Затоа таму и понатаму на сила ќе бидат класичните мотори, нема да бидат испратени во музеј и по 2030 година.

Ова е осма генерација од популарната „петка“, а ќе се произведува на домашен терен во фабриката сместена во малото место Динголфинг, каде се произведуваат: „серија 7“, „серија 8“ и „и икс“. Спортската изведба „м“ (моторспорт) и „м перформанс“ ги очекуваме некаде во втората половина од 2024 год. Засега производителот ни откри само една фотографија на која има автомобил со прекривка преку која се познаваат двојните светла толку многу својствени за БМВ. Како ќе наближува денот на светската премиера, така БМВ ќе прикажува повеќе прикриени фотографии.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.