BMW D-05T-ИДНИНАТА НА МОТОЦИКЛИТЕ, ПОИНАКВА ОД СÈ

26/04/2021

Судејќи по сé, иднината на превозот, кога е моторното возило на две тркала во прашање, ќе биде далеку поразлична од сé што можевме да видиме досега, и во минатото и во сегашноста.

И додека сè уште одиме полека кон електричните автомобили, во иднина акцентот ќе биде ставен на работи како заедничка мобилност и автономно возење. Секако, превозот ќе биде далеку побезбеден и поефикасен но, исто така, ќе има и одредени загуби, како на пример чисто задоволство при возење – електричните автомобили од следната генерација ќе понудат многу помалку емотивни врски со возачите или патниците.

Овој проблем ќе биде особено нагласен кај мотоциклите бидејќи урбаната средина во иднина ќе понуди малку од тоа што се смета за забавно возење и уживање во слободата на отворен пат. Индискиот дизајнер Нерај Хавале смета дека електричниот мотоциклизам во иднина ќе биде еден од ретките начини да се најде возбуда при возењето, па затоа го создаде концептот BMW авантуристички мотоцикл, што ни дава совршен увид во сè што нè чека барем кога станува збор за моторното возило на две тркала.

Наменет за љубителите на адреналин и авантура, BMW D-05T концептуалниот мотоцикл ги содржи сите напредни технологии, без да се занемари длабоката врска помеѓу мажот и неговата машина. Електричниот мотоцикл содржи технологија што може да креира детален план за следната авантура врз основа на учеството на возачите кои веќе истражиле одреден терен.

Преодниот опсег на електричните автомобили и натаму е нивниот најголем ограничувачки фактор, а дизајнерот сугерира решавање на овој проблем со поставување на сервисни центри на оддалечени локации, каде што потрошената батерија лесно може да се замени со полна. Таквите станици можат да им понудат и други суштински работи на возачите, така што тие можат да патуваат без многу багаж и со мотото: Мудрецот носи сè со себе.

Во визијата на дизајнерот, моторот доби магнетни држачи за додатоци, кои лесно може да се приспособат и да се отстранат. Сепак, главниот фокус на моторот е дронот што доаѓа како дел од него, а ќе функционира како летечки дроид R2-D2. Дронот може да му помогне на возачот да се ориентира во вистинско време, давајќи му ги сите детали за теренот пред него, во исто време правејќи неверојатни фотографии и снимки. Покрај тоа, дронот во текот на ноќта ќе се претвори во куче-чувар и ќе ве предупреди на опасноста од диви животни во шумските предели.

Не сме сигурни кога овој концепт ќе стане дел од нашата реалност, но знаеме една работа – би сакале тоа да се случи што е можно побрзо!

 

ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОЦИКЛ ЗА НОВОТО ВРЕМЕ

 

Како што споменавме, технологијата на електрификација ширум им ја отвори вратата на дизајнерите, а Хуго Еклес дефинитивно не губеше време и веднаш ја зграпчи својата шанса.

Соосновачот и директор за дизајн на Untitled Motorcycles, Еклес пред извесно време соработуваше со брендот електрични мотоцикли Zero од Калифорнија. Базирајќи се на Zero SR/F моделот, UMC-063 XP Zero ги задржа сите неверојатни карактеристики на оригиналот, иако изгледа сосема поинаку. Еклес беше дел од проектот уште во најраната фаза од дизајнирањето.

Првото возење на Еклес со моделот Zero SR/F го асоцираше на управување со авион, што доведе до инспирација за дизајнот на XP. Размислувајќи во насока на контролните површини на леталото, XP доби едноделно тело со нежни облини, кое совршено се спојува со централната рамка.

Темата на авионскиот свет се шири во доменот на материјали што се користат за негово производство, со алуминиумот кој претставува главна суровина. Крајниот детаљ е радикалното осветлување на LED лентата, што на величествен начин ги истакнува линиите на мотоциклот.

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.