BMW CONCEPT SKYTOP-СЕ НАДМИНАЛ СЕБЕ СИ

31/05/2024

БМВ повторно влегува во елемент. Има направено неколку „екскурзии“ кои веднаш беа опсипани со критики од љубителите на марката, но и воопшто од љубителите на автомобилите. Овој пат дизајнерскиот оддел добро ја завршил работата. Некогаш 503, по него „з 8“ и сега концептот „скајтоп“. Концептот како да е директен потомок на двата претходни спомнати модели. Така е, „скајтоп“ е нивен директен наследник и воедно ги сoбра сите воздишки таму некаде на крајбрежјето на езерото Комо под Алпите. Зборуваме за „Конкорсо ди елеганс, Вила д Есте“, изложба на старовремски и нови автомобили што се одржува секоја година.

БМВ се надминал себе си, а одговорниот во дизајнерскиот оддел, Адријан ван Хојдонк, „се извадил“ за сите претходни несвојствени решенија. Концептот „скајтоп“ е еден вид скулптура на тркала, една и единствена, a обликот воедно ја прикажува и цврстината на марката преку дизајн поткрепен со снажно тело и ниски стаклени површини. Концептот прикажан на Салонот за автомобили во Пекинг, „вижн ное класе“ заедно со овој концепт, „скајтоп“, го претставува дизајнерскиот правец по кој ќе се движат новите автомобили од овој производител.

Врвна изработка и доработка, врвен дизајн и сето тоа безмалку рачно направено и згора на тоа проткаено со врвна технологија, а внатре најјакиот – осум цилиндри во V.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.