Еве нешто освежувачки добро на почетокот од годинава. Спортска елеганција, поткрепена со моќни погонски единици и сето тоа спакувано во купе линија. Надалеку познатата „осумка“ од БМВ направи одмор од точно 21 година за повторно да се појави пред светската јавност во 2019 год.
Откако моделот мина три години во производство, одговорните предложија „осумката“ да биде освежена и пуштена во продажба напролет, но со назнака за 2023 моделска година. Класиката од купе автомобили не би требало да претрпуваат толку чести измени. Класичните купе автомобили не се секојдневие сè додека производителот не почне така да ги третира своите автомобили. Чудно е што БМВ се одлучил на ваков чекор. „Осумката“ не е автомобил кој го има во изобилие за да биде набрзо рестилизиран. По три години продажба „осумката“ отиде во ординацијата за редизајн – непотребен потег.
Идните сопственици ќе имаат прилика да бираат неколку силини и изведби – „840“ со шестцилиндричен мотор во линија со зафатнина од 3,0 литри и турбо компресор со чија помош се добиени 335 КС. Таа силина се пренесува на задните или на сите тркала, во зависност од тоа што ќе нарачате. Потоа на ред е класиката од V8 турбо мотор со зафатнина од 4,4 литри и 523 КС кои се пренесуваат до сите тркала.
Сега на ред се „м 8 компетишн“ и „алпина б 8“ најјаките во понудата, со 612 КС во „алпината“ и 617 КС во „компетишн“ изведбата. И овде производителот не оставил простор за бирање – моделите се исклучиво со погон на сите тркала. Сите „осумки“ располагаат со осум степена автоматска менувачка кутија. И за крај, купе со две врати и „гранд купе“ со пет врати – тоа се двете каросериски изведби.
Првите примероци од редизајнирана „осумка“ ќе стигнат до купувачите во март, на почетокот од пролетта.
Жарко Атанасоски