БЕЗБЕДНО НА ПАТУВАЊЕ

03/09/2022

ТЕСТИРАНИ СЕ 24 ДЕТСКИ СЕДИШТА: ТРИ СЕДИШТА СЕ ОЦЕНЕТИ КАКО НЕЗАДОВОЛИТЕЛНИ, А И КАЈ ДРУГИТЕ СЕДИШТА МНОГУ РЕТКО СЕ НАОЃА ОЦЕНА ,,МНОГУ ДОБРО,,

 

Добрата вест е следнава. Со „Cybex Anoris Ti-Size“ седиштето, конечно после долго време се дојде до ретка врвна оценка која што е забележана на годинешниот тест за детски седишта: тоа е единственото седиште оваа година што ја доби клупската препорака „Многу добро“. Причините за така добиените високи оценки се овие: Можност за користење за деца во широк опсег на височини од 76 cm до 115 cm, седиштето во себе има и интегрирано воздушно перниче, нуди многу добра заштита во случај на судир на предниот и страничниот дел и, исто так,а е многу лесено за употреба.

Како што е познато, каде што има многу светлина, има и многу сенка: Иако како што може да се види и од табелата подолу  17 од 24-те тестирани седишта добија оцена „Добро“ (три други седишта сè уште се оценети со оцена „Задоволително“), некои од нив сè уште јасно не ги задоволуваат потребните законски барања. За три седишта кои учествуваа во тестирањето, пак, останува само рејтингот односно оцената „незадоволително“. Затоа тие седишта експлицитно не се препорачуваат.

Зошто?! Затоа што ткаенините за тапацирот на седиштето на „Walser Kids Experts Noemi“, на пример, се контаминирани со разни средства, за кои постои сомневање дека се канцерогени. Исто така, иако во однос на седиштето на „Urban Kanga Uptown Model TV 107“, има слични својства, и ова седиште, исто така, откажува во случај на страничен удар. И кај седиштето на Kinderkraft Comfort Up, потпирачот за грб мора да се отстрани, со цел да се обезбедат и зацврстат повозрасните деца. После отстранувањето на потпирачот седиштето повеќе не нуди соодветна заштита во случај на страничен судир.

Марка

Besafe

Britax
Römer

Britax Römer

Cybex

Cybex

Cybex

Graco

Graco

Graco

Joie

Joie

Ознака за тип iZi Modular
RF X1 + iZi
Modular i-Size
Base
Dualfix 3
i-Size + Flex
Base iSense
Kidifix M i-Size Aton B2 i-Size
+ Base One
Aton B2 i-Size Anoris T i-Size Snugessentials
+ Isofamily
i-size Base
Turn 2 Me Ever sure i-size Spin 360 i- Spin Grow
ЕCE-класа 61-105 см 61-105 см 100-150 см 45-87 см 45-87 см 76-115 см 40-75 см 0+/I 100-150 см 0+/I 40-125 см
Тежина
седиште/
основа во kg
8,6/6,7 5,6/9,7 6,5 3,9/3,7 3,9 11,7 3,7/5,4 12,3 4,4 12,3 15,4
Цена [€] 329,/239, 350,/270, 220, 260, 170, 750, 120,/105, 230, 115, 330, 500,
Безбедност 1,2 2,0 2,4 1,6 1,7 1,2 1,6 2,3 2,1 2,3 3,2
Употребливост 2,4 2,7 1,6 1,8 2,2 1,8 2,0 3,1 2,1 3,1 3,6
Ергономија 1,9 2,3 1,9 1,9 1,7 1,9 1,9 1,9 2,2 1,9 2,7
Контрола на
штетни материи
1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0
Препорака на
клубот
добро добро добро добро добро Многу добро добро задоволително добро задоволително задоволително

 

Марка

Kinderkraft

Maxi-Cosi

Maxi-Cosi

Maxi-Cosi

 

Maxi-Cosi

 

Nuna

Nuna

Nuna

Recaro

Recaro

Recaro

Urban Kanga

Welser Kids
Experts

Ознака за тип Comfort Up CabrioFix
i-Size+CabrioFix i-Size
Base
CabrioFix
i-Size
Mica Pro Eco
i-Size
Pearl
60+FamilyFix
360 Base
Pipa Next+Base Next Pipa Next Todl Next+Base Next Avan+Avan/
Kio Base
Avan Avan Uptown Model
TV 107
Noemi
ЕCE-класа I/II/III 45-75 см 45-75 см 40-105 см 40-105 см 40-83 см 40-83 см 40-105 см 40-83 см 40-83 см 40-83 см I 100-135 см
Тежина
седиште/
основа во kg
4,8/1,8 3,2/5,3 3,2 14,5 7,9/8,0 3,3/7,1 3,3 7,3/7,1 4,4/7,6 4,4 4,4 3,1 3,0
Цена [€] 89, 280, 150, 400, 380,/250, 300,/230, 300, 400,/230, 200,/196, 200, 200, 149, 100,
Безбедност 5,5 1,5 1,3 1,9 2,1 1,8 1,6 1,7 1,8 1,6 1,6 4,8 2,5
Употребливост 3,6 1,9 2,5 2,4 2,3 1,7 2,4 2,9 1,9 3,1 3,1 3,3 2,4
Ергономија 2,6 1,8 1,6 1,8 2,0 2,1 2,0 1,9 1,7 1,6 1,6 1,4 2,0
Контрола на
штетни материи
1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,7 1,0 1,0 1,0 4,6 5,5
Препорака на
клубот
Не задоволува добро добро добро добро добро добро добро добро добро добро Не задоволува Не
задоволува

Kласа според тежината: 0: 0-9 kg. • 0+: 0-13 kg. • I: 9-18 kg. • II: 15-25 kg. • III: 22-36 kg.

 

НАВИСТИНА МНОГУ РЕТКО И ТЕШКО ЈА ДОДЕЛУВАМЕ НАЈДОБРАТА ОЦЕНКА НА ТЕСТОТ ЗА ДЕТСКО СЕДИШТЕ.

 

Штефан Кребл, шеф на одделот за тестирање и технологија на ÖAMTC

КРИТЕРИУМИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: Најважните поглавја за испитување и евалуација при тестирањето на седиштата се: безбедност (на пр. однесување на седиштето при тестови за судир), функционирањето на седиштето (на пр. слобода на движење за детето) и секако детален преглед и тест за загадување.

Упатствата што се користат за тестирање на седиштата се ажурираат на секои пет години. Ова е неопходно бидејќи седиштата во последниве години во просек стануваат потешки. Сепак, она што производителите обично го објаснуваат со аргументи за безбедноста на седиштата има и свои недостатоци: од една страна, поголемата тежина на седиштето има неповолно дејство, а од друга страна буквално го отежнува ракувањето со седиштето.

СОВЕТИ: Пред да купат детско седиште, родителите најпрвин треба да се информираат за понудата. Резултатите од годинешниот тест за детски седишта на клубот се корисни во донесувањето на оваа одлука. Важно: Не секое детско седиште се вклопува подеднакво добро во сите автомобили. И личните преференции на родителите и децата, исто така, се разликуваат: без разлика дали станува збор за прицврстување за појас или за Isofix, ремен за прицврстување или ударен штит, едноделни или дводелни седишта, модели кои се вртат или се зголемуваат, дали се свртени наназад или нанапред  сепак постојат многу други начини преку кои можете да ги обезбедите децата во Колата. Основното правило е: Никогаш не треба да купувате детско седиште на слепо. Наместо тоа, строго се препорачува да го однесете вашето сопствено возило и детето директно до местото од каде што се купуваат седиштата, за да можете претходно на самото место да ги испробате предметните модели.

Ништо не е поважно од правилно и удобно сместување и обезбедување на најмалите во возилото.

 

Превземено од ÖAMTC

ПОВРЗАНИ СТАТИИ