БЕЗАЛКОХОЛНО МОХИТО-Пијалок кој веднаш ќе ве разлади во топлите денови

02/08/2024

 

Сосотојки:

Околу 15-20 листови нане

2 dl сок од лимета

Парчиња (кругови) лимета

2 лажици кафеав шеќер или мед

1 литар газирана вода

мраз

 

Подготовка:

Во бокал ставете малку повеќе од половина
од подготвеното нане и додадете сок од лимета.
Скршете го нането со машина за дробење мраз
или дрвена лажица додека не се ослободи вкусот
и соединете го со лиметата.
Додадете кафеав шеќер и сè добро измешајте.
Потоа додадете газирана вода, парчињата од лимета и остатокот од нането.
Добро изладете го пред сервирање и додадете кршен мраз.
За поздрава верзија, можете да користите мед наместо кафеав шеќер!
На здравје!

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ