BENTLEY-ТРЕТА СРЕЌА

20/04/2021

Некој забрзано се подготвува да го освои Пајкс Пик и за големо чудо тој некој е Бентли. Зошто еден ваков производител се одлучил на чекор несвојствен за марката, не ни е познато. Сепак, ако ја прочепкаме историјата на Бентли, ќе откриеме многу нешта поврзани со трките. Накусо кажано Бентли својот „живот“ го посветил на трките и сега сака да си ја проба среќата и силата на ридскиот натпревар Пајкс Пик кој се вози на истоимената планина во САД. Предизвик, тоа е единственото и најточното објаснување зошто Бентли одлучил да учествува на еден ваков натпревар.

Во сета оваа приказна има нешто специфично врзано за марката, а тоа се двете претходни титули на Бентли на истиот овој натпревар, најнапред со сув моделот „бентајга“, а потоа и со купето „континентал“. Во двата претходни обиди Бентли обезбеди победи во класата, а сега ќе тргне да освои титула по трет пат и тоа во „Тајк Атак 1“. Одговорните велат ова ќе биде трето и последно учество на Бентли на натпреварот наречен Пајкс Пик.

Нема многу податоци за возилото со кое Бентли ќе тргне во освојување на првото место. V8 со турбо компресор и толку. И уште напомнуваат дека овој мотор нема никаква врска со серискиот што се вградува во неговите туристички возила. Како што ќе течат подготовките и тестирањата така дел по дел ќе бидат обелоденувани деталите за возилото. Ридскиот натпревар кој го носи името на планината се вози на лето, во јуни.

Има еден познат детал во кој Бентли обелоденува дека работи на посебен вид био гориво, а всушност Фолксваген, главниот во групацијата, работи во својата лабораторија да изнајде посебно гориво кое при согорувањето драстично ќе ја намали емисијата на штетни гасови. Порше е тој што најмногу работи на тој план и затоа е повикан да помогне.

М – Спорт и К – Пакс Рејсинг се двете компании кои учествуваат во подготовката на автомобилот. Првата компанија ни е позната од Светскиот шампионат во рели, ги подготвува фордовите автомобили. Зад управувачот по трет пат ќе биде Рис Мајлен. Овој возач во двата претходни обиди на Бентли успеа да обезбеди две титули со „бентајга“ во класата на сериски сув модели и со „континентал гт“ во класата на сериски автомобили.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.