СО КОКТЕЛИТЕ ЧИЈА ГЛАВНА СОСТОЈКА Е „ТРИПЛ СЕК ОРИНЏ“, БЕЗБОЈНИОТ ЛИКЕР ШТО СОДРЖИ МАЛО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ, ТРИЕСЕТ И ОСУМ ПРОЦЕНТИ. СЕ ПРАВАТ ЛЕСНО И БРЗО. УБАВО ДЕКОРИРАНИ, ВО РАЗЛИЧНИ БОИ, КОИ ПРИМАМУВААТ СО ВКУСОТ, НЕ САМО ШТО ВЕТУВААТ, ТУКУ И ГАРАНТИРААТ УЖИВАЊЕ, ВО ДРУШТВО СО НАЈБЛИСКИТЕ, НАЈСАКАНИТЕ.
Без оглед на француското потекло, ликерот се произведува и во други земји, како на пример во Италија. „Паоло Лаѕарони и Филји“ е водечка трговска марка, омилена меѓу бармените во подготвувањето коктели. Инаку „трипл сек оринџот“ служи и како дигестив. Количеството алкохол што го содржи е мало, се движи од петнаесет до четириесет проценти. Во неговата изработка се користи сува кора од горчлив и од сладок портокал. Го измислил Жан-Батист Комбиер во периодот меѓу 1834 и 1848 година, а наредната (1849-та) го пуштил во продажба, нарекувајќи го еликсир. Ликерот „контро“ е, исто така, синоним на квалитетот, кој датира од 1875 година. Неговото претставување на јавноста , во рамките на париската „Универзална експозиција“ што се одржала во 1879-та, им го свртело вниманието на присутните и, со текот на времето, примената на „трипл сек оринџот“ во баровите земала сè повеќе замав сè до денес. И „луксардо“ се вбројува меѓу најдобрите. Ви ги препорачуваме коктелите „запата“, „камикаѕе“, „кентаки флор физ“, „лонг ајленд леден чај“, „перфект маргарита“ и „ред ти“. Кога ќе ги подготвувате, користете мал дозер, од 50 мл. Такви се рецептите. Дозата можете и да ја зголемите двојно. Во таков случај употребувајте голем дозер, од 100 мл.
ЗАПАТА
Наполнете го шејкерот со мраз, ставете половина доза „трипл сек оринџ“, три четвртини доза рум со вкус на кокос, една доза текила и протресете го силно. Коктелот сипете го во мала (ниска) чаша, низ цедалка. Ако сакате, можете да ставите парче лимета, како украс и заради шмек.
КАМИКАЅЕ
Половина доза „трипл сек оринџ“, една доза вотка и половина доза лимонов сок (нека биде засладен) се потребните состојки за овој коктел, кој се прави со шејкер, полн со мраз, како сите други. Откако ќе го протресете силно, мешаниот пијалак сипете го во мала (ниска) чаша, низ цедалка.
КЕТАКИ ФЛОР ФИЗ
Во шејкер ставете една и пол доза виски, половина доза цветен ликер, една четвртина доза „трипл сек оринџ“ и неколку парчиња мраз. Протресете го силно и сипете. Чашата нека биде висока, полна со мраз. Дополнете ја со „џинџер еил“ и украсете ја со кора од портокал. Коктелот има боја на шампањ.
ЛОНГ АЈЛЕНД ЛАДЕН ЧАЈ
Измешајте половина доза „трипл сек оринџ“, половина доза вотка, половина доза рум, половина доза џин, три дози „саур микс“ и неколку парчиња мраз, со помош на шејкер. Земете висока чаша, полна со мраз, се разбира. Сипете го коктелот и додајте кола, до горе (три дози).
ПЕРФЕКТ МАРГАРИТА
Со половина доза „трипл сек оринџ“, две дози текила, две дози свеж лимонов сок, половина доза нектар од агава (доколку сакате и ако најдете) и со неколку парчиња мраз наполнете го шејкот и протресете го силно. Коктелот сипете го во чаша, која е дизајнирана специјално за овој мешан пијалак.
РЕД ТИ
Откога ќе го наполните со мраз, во шејкерот ставете половина доза „трипл сек оринџ“, една доза виски (по можност „ред стаг“ на „Џим Бим“, една доза свеж лимонов сок и три дози леден чај. Протресете го силно и сипете го во полувисока чаша со рачка, полна со мраз. Украсете ја со тркалезно парче лимон или портокал.