Годинава беа доделени пет титули, односно една плус четири, а следната година ќе бидат една плус пет – жирито ќе додаде уште една, ќе прогласува електричен автомобил во светот.
За „Автомобил на годината во светот за 2021 прогласен е „фолксваген ид. 4“, вториот по ред целосно електрифициран автомобил во групацијата ВАГ, по моделот „ид. 3“. Гласањето и прогласувањето се одржа на 20 април, а за сето тоа беа задолжени 93 новинари од 28 држави. Некој веднаш ќе постави прашање како тоа новинари само од 28 земји. При создавањето на жирито и правилата за избор на „Најдобар автомобил на годината во светот“, договорено е членовите на жирито да бидат од земјите производители на автомобили. „Фолксваген ид. 4“ во завршниот дел од гласањето беше заедно во трка за наградата со уште два автомобила, „тојота гр јарис“ и „хонда е“.
Покрај главната награда, жирито доделува уште четири други признанија: за најдобар дизајн, за најдобар градски автомобил, најдобар луксузен автомобил и најдобар спортски автомобил. На годинашните средби жирито се договори од наредната година, 2022, да воведе уште едно признание – најдобар електричен автомобил.
Автомобилот кој се закити со титулата за „Најдобар дизајн во 2021“ е „ленд ровер дефендер, оставајќи ги зад него „мазда м икс 30“ и „хонда е“. Оваа титула бидејќи е специфична и сосема поинаква од сите други, жирито реши истата да ја доделува совет на дизајнери. За таа цел беа повикани петмина, односно седуммина кои го создаваат обликот на автомобилите, тоа се: Герно Брехт, Јан Калум, Герт Хилдебранд, Патрик ле Кемент, Том Матано, Виктор Насиф и Широ Накамура.
Без типично градско возило не се може. Затоа жирито доделува признание за „Градски автомобил на годината во светот, а годинава тоа оди кај „хонда е“. Во конкурнција за оваа награда беа уште два јапонски автомобили, „хонда џез“ и „тојота гр јарис“.
Титулата „Спортски автомобил на годината“ за 2021 му припадна на „порше 911 турбо“. Од трите автомобили во конкуренција, „тојота гр јарис“, „ауди рс ку 8“ и „порше 911 турбо“, жирото го одбра легендарниот поршеов модел да ја понесе титулата.
Во групата каде царува луксузот победи „мерцедес с класа“, а „ленд ровер дефендер и „волво полстер 2“ останаа со куси ракави. Жирито така одлучи, а за тие што се надеваа на најдобриот резултат нека се обидат и следната година, за следниот избор.
Ова беше 17-ти избор по ред, а новинарите за првпат бираа автомобил на годината во светот во 2004 година, кога жирито официјално започна со работа. Изборот за 2022 година започнува летово, на 17 август, за кога е закажан првиот собир на новинари (жири).