AUDI S3 „С“-КАКО СПЕЦИЈАЛЕН?

01/05/2024

Ауди повторно игра со нервите на тие што многуте коњски сили им се слаба точка. Досегашната „с тројка“ не важи и на нејзино место доаѓа, обновената со супериорни 333 КС извадени од 2,0 тси со четири цилиндри во линија и турбо полнач. Значи повеќе силина за 23 коњи, подобар максимален вртежен момент за 20 Нм. И тоа не е сѐ, имаме подобрување во обесувањето на тркалата. Тоа значи дека имаме подобрена стабилност, а штом е така, тогаш влегуваме остро и посамоуверено во свиоците.

 

„С тројката“ ќе се продава во две каросериски изведби, комбилимузина и лимузина, а има и четири нови бои: дистрикт зелена, прогресивна црвена, аскари сина и аркона бела. Има малку поинаква анимација во светлосната групација, но највпечатливи се секундите, тие 4,7 од 0 до 100 км/ч, додека крајната брзина е ограничена на 250 км/ч. Ако некој сака издувен систем направен и потпишан од Акраповиќ и режим на возење „динамик плус“, тогаш мора да доплати.

 

Продажбата ќе започне во вториот квартал од годинава, на почетокот, што значи некаде во мај или јуни.  Цена? Некаде околу 50.000 евра. Сепак за подетални информации обратете се кај увозникот. Ако ова е „с тројката“, тогаш се прашуваме каква ќе биде „рс тројката“?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.