Е да, не е сосема нов, туку е обновување. Mеби затоа што Ауди се подготвува новата генерација да ја претстави во целосно електрифицирана „униформа“?! Цената? Одговорните препорачуваат цена од 80.000 евра за основниот модел, а за тој „накитениот“ 120.000. Тоа е тоа, „ауди ку 7“ е сув премиум класа со многу софистицирана опрема, така што цената воопшто не треба да изненадува. И конкуренцијата („бмв икс 7“, „ренџ ровер“, „масерати леванте“, „мерцедес гле“, „волво икс ц 90“) е тука некаде со цената и секако со димензиите.
Најновиот „ауди ку 7“ сега има 5,07 метри во должина на себе носи 19 инчни тркала, а во понуда се: 20, 21 и 22 инчните, поседува умерена хибридна 48 волтна технологија, додека останатото од погонската единица е класика со внатрешно согорување. Дизелите се вградуваат во изведбите „45 тди кватро„ и „50 тди кватро“ со 231 и 286 КС, а бензинските во изведбите „55 тфси кватро“ и „с ку 7 тфси кватро“ со 340 и 507 КС. Токму последнава со буквата „с“ на чело од името, таа е најскапата. Да потсетиме, погонските единици се истите, а редизајнот е присутен како во одделот за патниците и секако надворешноста. Сега нема вишок од украси на каросеријата, туку доаѓа до израз севкупниот облик, скулптурата со која се нагласува динамиката на производот и неговата моќ.
Ова обновување во себе има нова маска и одбојник, графиката на предните светла е нова со лед технологија, но во понудата е и ласерската технологија. И на таблата со инструменти, односно виртуелната табла, се регистрираат повеќе информации поврзани со уредот наречен „адас“ кој открива моментно преминување од една во друга лента, сигнализирање при приближување на крстосница, навремено предупредување кога има пешаци, велосипедисти и мотоциклист на патот, улицата итн.
Втората генерација од споменатиот модел е претставена во 2015 година, првото обновување е направено во 2020, а второто годинава и ќе носи моделска година 2025. Со сегашново освежување одговорните се надеваат дека „ауди ку 7“ ќе остане во конкуренција со останатите сув возила од класата.