Aston Martin Valhalla-КОНЕЧНО ПРИСТИГНУВА ГОЛЕМИОТ ЅВЕР

13/08/2021

ASTON MARTIN КОНЕЧНО ГО ПРЕТСТАВИ VALHALLA ХИБРИДНИОТ СУПЕРАВТОМОБИЛ СО ПРОИЗВОДНИ СПЕЦИФИКАЦИИ, НО МОРАМЕ ДА ПРИЗНАЕМЕ, МНОГУ РАБОТИ СЕ СМЕНЕТИ ВО ОДНОС НА ДЕБИТАНТСКИОТ, ОРИГИНАЛЕН КОНЦЕПТ ОД 2019 ГОДИНА

 

Пред три години британскиот бренд автомобили го претстави првиот Valhalla модел кој требаше да биде врвен ѕвер со V6 мотор и цена од 1,3 милиони долари. Сепак, оттогаш се смени сопственоста на компанијата за да се спаси од пропаст, а некогашниот AMG шеф, Tobias Moers, е доведен како нов CEO. Под негово водство, Aston Martin доживеа големи стратешки промени, а Valhalla е само една од нив.

Моделот го задржа своето интересно име и некои од дизајнерските елементи, додека повеќето делови се сменети во целост. Најголемата промена е во форма на AMG V8 мотор наместо веќе постоечкиот V6. Според информациите што ги дадоа од Aston Martin, Valhalla 4,0 литарскиот твин-турбо V8 се базира на AMG GT Black серијата мотори, додека својот максимум ќе го достигне при 7.200 rpm, со 740 коњски сили.

AMG V8 ќе добие асистенција во вид на два електрични мотори, кои ќе му дадат 200 коњски сили. Едниот од двата мотори ќе биде сместен на предната оска и ќе ги придвижува предните тркала, додека другиот ќе биде сместен во трансмисијата за да може да ѝ помогне на V8 единицата. Од Aston Martin велат дека Valhalla ќе има вкупно 937 коњски сили, кои ќе бидат доволни за забрзување од нула до сто километри на час за 2,5 секунди и максимална брзина од 350 километри на час. Британците, исто така, тврдат дека Valhalla на Nürburgring ќе може да сврти еден круг за 6:30 и така ќе постави нов рекорд.

Засега Aston Martin нема дадено какви било информации за батериите, но EV режимот ќе има максимална брзина од 130 километри на час и преоден опсег од околу 15 километри. Кога се работи за дизајнот, Valhalla има слична дизајнерска ДНК каква што имаме видено кај Valkyrie. На местото на задното стакло, овој хибрид доби капак за моторот со две издувни цевки, а наместо него, користи камери чија содржина се емитува на контролната табла.

Званичната цена на овој модел допрва ќе биде претставена, но се очекува да биде околу 800.000 долари, што е доста пониска од првобитната цена од 1,3 милиони долари. Првите испораки би требало да се вршат во второто тримесечје на 2023 година.

 

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.