KIA FUTURON-СКУЛПТУРА НА ТРКАЛА

03/12/2019

Спортски автомобил во сув пакување, така КИА го опишува своето ново концепт возило за прв пат изложено во Кина. Рака на срце концептот повеќе личи на нешто како неидентификуван летачки објект, што е еден плус повеќе за создавачите на обликот. Дизајн кој потсетува на движења од водата. Токму вакви облици му се потребни на светов од кога и да било досега. Затоа КИА не треба воопшто да се мисли дали моделот „футурон“ да влезе во сериско производство или не.

Има само еден услов, а тоа е серискиот модел да биде ист како овој на фотографиите. Не е ни чудно што дизајнерите од КИА ги користат облиците од природата при правењето на концептот, а посебно предниот дел добил име „тигров нос“, показател кој го трасира идниот дизајнерски правец на јужнокорејскиот производител. Покрај мноштвото од електроника мора да се спомнат две нешта, бојата на школката се прелива како змаевата кожа, односно така е наречен ефектот. Второ за спомнување е четвртото ниво на автономија, тоа значи самостојно движење без помош од возачот. Тој може да чита весник, а автомобилот да брза кон зададеното одредиште.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.