АСФИНАГ ПОЧНУВА СO ПОВРЗУВАЊЕ НА ВОЗИЛА СО АВСТРИСКИТЕ ПАТИШТА

18/11/2020

БЕЗБЕДНА, ЕФИКАСНА И ОДРЖЛИВА БЕЗБЕДНОСТ

На 28 октомври АСФИНАГ објави соопштение за медиумите според кое ќе ги поврзе патиштата со возилата, во голем обем, во Европа. За оние што не знаат, АСФИНАГ е австриска јавна корпорација што планира, финансира, гради, одржува и собира патарини за австриските автопати.

Од овој месец АСФИНАГ ќе ги вклопи австриските автопати со „наменска комуникациска опрема со краток дострел за да овозможи директна размена на информации поврзани со безбедноста помеѓу патната инфраструктура и возилата“, преку набавка на единици за патишта V2X, што вклучува соработка и комуникација поврзана со безбедноста помеѓу возилата и инфраструктурата.

Комуникациската технологија што стои зад V2X е варијанта на безжичен LAN, позната како  комуникација со краток опсег, велат од АСФИНАГ.

АСФИНАГ планираше целосно пуштање во употреба на првата генерација „случаи на употреба“ (case study) поврзани со безбедноста да започне во следните 16 месеци, а потоа да се воведат нови „случаи“ што поддржуваат автоматско управување и поврзан сообраќај.

Во однос на безбедноста на патиштата, еден од најважните приоритети за ФИА Регион I, предности на кратките дострели ќе бидат моментното пренесување на клучни информации, како што се „работа на патишта или предупредувања за опасна локација“. Ова придонесува за намалување на времето на реакција на возачите и, според тоа, за нивната безбедност. Исто така, во своето објавување АСФИНАГ нагласи дека најновата генерација на возила веќе почнале да ја имплементираат оваа нова технологија, наведувајќи ги како примери фолксваген голф 8 и неодамнешниот електричен модел ID.3 / ID.4.

„АСФИНАГ го започнува дијалогот помеѓу патиштата и возилата на австриската автопатска мрежа. Директната врска со нашите клиенти дава важен придонес за безбедна, ефикасна и одржлива мобилност“, рече Јозеф Фиала, управен директор на АСФИНАГ.­­­­­

 

Фросина Ангеловска Ивановиќ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.