ALPINE ALPENGLOW CONCEPT-ХИПЕР КУПЕ, ФОРМУЛА 1 И ВОДОРОДЕН МОТОР

20/10/2022

Алпенглоу, тоа  е збор од германско потекло, а неговото значење се опишува како утринско нежно црвенило на снежните алпски врви и сртови. Токму овој збор го позајмува познатата работилница Алпине за својот најнов концепт. Се разбира концептот има електричен погон, но сѐ уште не се знае дали е замена за ретро моделот „а 110“, или, пак, зголемување на семејството. Според најавите ова купе спаѓа во класата хипер, што значи ќе има претерано многу коњски сили. Дека нештата одат во тој правец кажува и одделот за патниците – едносед, распоред еднаков на тој од болидите во формула 1.

Од 2024 година Алпине се вклучува во Светскиот шампионат на издржливост, во чиј календар влегува и легендарната 24 часа Леман. Можно е концептот да го најавува влегувањето во трките од спомнатиот шампионат, но не се исклучува можноста од концептот да биде изведен некој туристички модел.

Проширувањето на семејството со модели го потврдува следново. Алпине во 2025 ќе го претстави теренското возило „гт икс – овер кросовер“. „А 110“, „алпенглоу“ и во 2025 кросоверот кој сега е во развојна фаза. Токму така, Алпине наголемо се подготвува да биде конкурент на веќе попознатите производители на спортски возила.

Тука не завршува приказната за концептот „алпенглоу“ туку има уште позанимливо продолжение, тоа е погонската единица способна да користи водород како гориво, а од издувот ќе излегува водена пареа. Збориме за обичните, за сегашниве мотори со внатрешно согорување кои во блиска иднина (се надеваме) можат да бидат приспособени за согорување на водород. Најнапред трпение и време за да видиме што ќе се случи, а потоа ќе дебатираме за Алпине и нејзиниот успех со водородниот мотор.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.