ALPINE A390 GTS-АЛПИНЕ ИМА „СУВ“

18/06/2025

Повеќето производители на автомобили имаат и своја спортска работилница каде подготвуваат посебни изведби од веќе постоечките модели. Ист е случајот и со Рено и неговата спортска дивизија Алпине. Откако Рено ја разбуди спомнатата дизивија, беа претставени неколку модели со чиста спортска душа. Стратешки добар чекор од Рено бидејќи си обезбеди добра позиционираност на пазарот со спортски автомобили и воедно си обезбеди профит – Алпине во изминативе четири – пет години бележи постојано зголемување на продажбата. Бидејќи сега „сув“ возилата се најбарани ширум светот, челниците од Алпине решија да внесат еден сув во семејството. Името, односно ознаката на сув возилото е „а 390“. Во оваа работилница не се согласуваат со прекарот „сув“, односно „кросоувер“. За нив „алпине а 390“ е спортски лифтбек (хечбек). Можеби така е подобро. Дизајнот ја прати линијата на досегашните модели, така што Алпине си создава некој својствен заштитен знак во обликот на каросеријата. Таквиот начин на размислување за обликот на флотата, носи добри нешта затоа што токму тие возила ќе се делат од другите и ќе бидат препознатливи. Од еден куп возила на паркинг, веднаш ќе препознаете кое од нив е Алпине.

 

 

Конструкторите подготвиле две изведби, „гт„ и „гтс“, а разликата помеѓу нив е во силината. Првата изведба поседува 400 КС, забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,8 сек, додека крајната брзина е ограничена на 200 км/ч. Втората располага со 470 КС, од 0 до 100 км/ч за 3,9 сек и ограничена крајна брзина од 220 км/ч.

Обете изведби имаат иста батерија (89 kWh) која овозможува автономија од околу 550 км и обете имаат по три електромотори, еден на предната оска и два одговорни за задната оска, односно секое тркало си има засебен електромотор.

Сигурносни уреди со еден куп сензори и камери, тоа се подразбира, а тука се и неизбежните екрани, од кои тој пред возачот е 12,3 инчен и е поставен хоризонтално, додека средишниот е вертикален. Според најавите од главнината, првите примероци ќе влезат во продажни места некаде на крајот од годината и најверојатно првите сопственици пред Божик ќе се возат во своите ново купени „алпине а 390“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.