Ова е приказна за Масерати и неговиот едновековен партнер Алфа Ромео. Нивната соработка започнала во далечната 1920 година и е задржана до денешен ден. Најновиот производ од „кујната“ Загато е „алфа ромео џилија гтам“ со скратено меѓуоскино растојание и во купе изведба и сега се нарекува „алфа ромео џулија свб загато“. На сета оваа „мака“ која ја има Загато при конструирањето на купето е да потсетува на легендарниот модел „сз“ (алфа ромео Спринт Загато). Загато правел автомобили по нарачка и во минатото, односно откако е создадена фирмата, така што ништо не му било непознато кога еден страстен колекционер на автомобилите потпишани од Загато, му порачал на Андреа Загато посебна „џулија“.
Алфа Ромео не е таа ако од лимузина не направи купе изведба. Бидејќи не направи, еве го Загато во улога на производител кој од џулијета направи купе и тоа по нарачка. Покусо меѓуоскино растојание, купе облик, мотор V6 со зафатнина од 2,9 литри потпомогнат со двоен турбо компресор и сето тоа зачинето со околу 550 КС. Фантазија. Бидејќи некои делови од школката се направени од јаглеродни влакна, тежината на уникатот треба да биде пониска од 1.580 кг колку што тежи „џулија гтам“.
Купе по нарачка кај Загато, колку чини, тоа се прашувате? Официјалната цена „џулија свб загато“ е непозната, но затоа е познат дел од збирката на автомобили од нарачателот. Во секојдневието вози „алфа ромео сз“, но и неколку „астон мартин“ од најновите серии. Сепак, озборувањата ја откриваат цената, ориентациона – 350.000 евра. Оваа цена е формирана при споредбата со цената од лимузината „џулија гтам“. која изнесува скоро 180.000 евра, тоа значи за нарачка кај Загато се плаќа двојно повеќе.
Жарко Атанасоски