ALFA ROMEO 33-STRADALE СУПЕР КУПЕ ОД АЛФА РОМЕО

29/08/2022

Конструкторите во Алфа Ромео подготвуваат супер купе со сите нишани и се разбира обоено во црвено, затоа што друга боја не се прифаќа. Класичното купе ќе биде нешто како заокружување на ерата на мотори со внатрешно согорување пред производителот целосно да се префрли на електрификација. Оваа забелешка не мора да биде земена во предвид, затоа што е само нагаѓање. Супер купе моделот ќе биде произведен по теркот на најбрзите и најубавите модели на Алфа и секако серијата ќе биде ограничена, но сѐ уште не е познато на колку примероци. Цената ќе биде во содејство на автомобилот, што во превод значи, новиот купе модел ќе биде од поскапите…

Велат новото купе ќе биде наследник на никогаш заборавената „типо трента тре“. Ако биде така, тогаш светот ќе има што да види, но од Алфа предупредуваат, без ретро линии, туку само современи дизајнерски решенија. И претходниот главен во Фиат, Серџо Марчионе, најавуваше нова „гтв“ и „8 ц“ со хибриден погон, класика V6 (или V8) со двоен турбо компресор и електромотор – вкупно 600 до 700 КС, но да видиме што навистина ќе се случи. Концептот ќе се појави наредната година, а потоа ќе го чекаме серискиот модел.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.