AC COBRA GT COUPE-„КОБРА ГТ“ ВО КУПЕ ИЗДАНИЕ

27/08/2024

Во овој наплив од супер и хипер купе автомобили, се разбуди и производителот АЦ Кобра. Годинава ја претстави својата класика над класиките, „кобра гт спајдер“, а сега на ред е купето, како за првпат. Класиката е секогаш во мода, ова правило важело отсекогаш, а важи и сега. Дизајнот на препознатливата „ац кобра“ е во целост тој истиот, но затоа останатите елементи, како на пример шасијата, моторот и начинот на изработката, сето тоа е правено со денешнава технологија. Затоа производителот вели дека торзионата цврстина на шасијата и автомобилот е значително поголема. Како нема да биде кога само дизајнот е ист, а сѐ друго останато е правено со најсовремени решенија и најсовремена технологија. Дури и обичниот менувач, класиката со шест брзини, доби двојник, но автоматски со 10 брзини. А возните својства се исти како да сте во некое супер ново тркачко купе со осетлив и директен управувач, нешто слично на картинг.

„Ац кобра гт купе“ располага со следниве димензии: „должина 4.225 мм, ширина 1.980 мм додека растојанието меѓу оските изнесува 2.570 мм, за 284 мм повеќе од класиката. Каде е висината? Од засега необјасниви причини, производителот не ја објавува.

 

 

Погонската единица е класика, V8 со работна зафатнина од 5,0 л. Основната изведба поседува 456 КС, а таа со компресор 730. Има уште една изведба, таа е посебна и ја имаат наречено „клубспорт едишн“ чиј мотор има 810 КС. Оваа изведба ќе биде произведена во само 99 примероци, а ќе биде наменета подеднакво како за на тркачка патека така и за секојдневна употреба.

Сета „збрка“ за и околу продажбата ја подготвуваат за крајот од годинава.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.