AC COBRA-Автомобил за посебни прилики и уживање

14/08/2020

Летово сопственикот на компанијата „А Ц Карс“ Алан Лубински најави повторно производство на легендарната „а ц кобра“, поточно на „а ц кобра 378 суперблоувр мк IV“. Претходното појавување, повторното производство, беше во 1998 и оттогаш штама.

Класиката од роудстер ќе биде задвижувана од V8 мотор од 6,2 литри зафатнина, односно громогласен и здрав звук од издувниот систем. Така од прилика се изјаснуваат сите што го имаат слушнато работењето на моторот од спомнатиот роудстер.

Бројката на произведени примероци сè уште не се открива, но затоа цената е обелоденета веднаш бидејќи навалија присутните да поставуваат прашање за цената – само 170.000 долари и еден примерок од овој супер класичен двосед ќе биде ваш.

Целосна рачна изработка, од најситен детаљ до моторот кој се подготвува со посебно внимание, а внатрешноста е посебна приказна каде ќе доминира високо квалитетна црно обоена кожа и како што претходно напишавме, сето тоа рачно скроено и сошиено. Ова е несекојдневна прилика да се купи автомобил во кој има толку многу слава и посебности.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.