Пред неколку денови КИА објави два цртежи на кои се приметува силуета на нов „сув“. Во кусиот текст проследен заедно со цртежите, производителот најавува светска премиера на моделот „соренто“ на Салонот за автомобили во Женева што ќе се одржи од 5 до 15 март.
Според првичните гласини, новата генерација на „соренто“ ќе располага со должина од импресивни 4,8 метри со што кажува одење во повисоката класа. До каде ќе стаса КИА со новиот „соренто“ ќе дознаеме веднаш по првичното прикажување на 3 март. Деновите пред официјалното отворање на вратите за посетителите, 3 и 4 март се денови наменети исклучиво за новинарите.